Со ангажирање на градоначалникот на општина Тетово, Сади Беџети, ќе се средуваат односите меѓу власта и опозицијата во општинскиот совет. Релациите меѓу советничките групи на опозицијата и власта, кои веќе подолго време се затегнати беа тема и на разговорот меѓу министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта и градоначалникот Сади Беџети.
Според министерот Бејта, соработката меѓу сите субјекти во советот е неминовна, а се во интерес на граѓаните.
„Со градоначалникот разговаравме и за проблемите во советот, верувам дека проблемите ќе се надминат, затоа ќе се ангажира градоначалникот и проблемот со бојкотот на опозицијата се надевам дека ќе се надмине бидејќи неминовно е да се соработува, затоа што тоа е во интерес и на општината и на граѓаните.“
Генералниот урбанистички план е проблемот околу кој најмногу се кршат копјата меѓу советниците од власта и опозицијата во советот на општина Тетово. Од советничката група на ДПА реагираат зашто речиси четири месеци не е ставена ниту една точка на дневен ред на советот, а која се однесува на барања за промена на урбанистичките планови. Според претседателот на Советот, Ирфан Емини, на претходните седници било договорено барањата се разгледуваат постапно на секоја од седниците.
Градоначаликот на општина Тетово, Сади Беџети со став дека е во тек со сите работи кои што се однесуваат на проблемите во советот и најави негово посредство во надминувањето на проблемите.
„Верувам дека ќе имаме почести средби со координаторите на советничките групи, убеден сум дека ќе ги надминеме тие проблеми за да советот да функционира нормално. Не се од голем обем проблемите, значи општината живее од проектите, моја цел како градоначалник е да ги оствариме барањата на граѓаните врз основа на законот.“
Недоразбирањата и несогласувањата околу усвојување на урбанистички планови резултираа со одлагање на двете последни седници на советот на општина Тетово.
Со градоначалникот разговаравме и за проблемите во советот, верувам дека проблемите ќе се надминат, затоа ќе се ангажира градоначалникот и проблемот со бојкотот на опозицијата се надевам дека ќе се надмине.Невзат Бејта, министер за локална самоуправа.
Според министерот Бејта, соработката меѓу сите субјекти во советот е неминовна, а се во интерес на граѓаните.
„Со градоначалникот разговаравме и за проблемите во советот, верувам дека проблемите ќе се надминат, затоа ќе се ангажира градоначалникот и проблемот со бојкотот на опозицијата се надевам дека ќе се надмине бидејќи неминовно е да се соработува, затоа што тоа е во интерес и на општината и на граѓаните.“
Генералниот урбанистички план е проблемот околу кој најмногу се кршат копјата меѓу советниците од власта и опозицијата во советот на општина Тетово. Од советничката група на ДПА реагираат зашто речиси четири месеци не е ставена ниту една точка на дневен ред на советот, а која се однесува на барања за промена на урбанистичките планови. Според претседателот на Советот, Ирфан Емини, на претходните седници било договорено барањата се разгледуваат постапно на секоја од седниците.
Верувам дека ќе имаме почести средби со координаторите на советничките групи, убеден сум дека ќе ги надминеме тие проблеми за да советот да функционира нормално.Сади Беџети, градоначалник на општина Тетово.