Шефот на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис денеска на прес-конференција во Белград на прашањето на новинарот на Радио Слободна Европа, Небојша Грабеж, дали Грција е подготвена да го прифати македонскиот јазик во Обединетите Нации, доколку Македонија прифати географска одредница, изјави дека за тоа за не се даваат јавни изјави и дека јазикот не е дел од процесот во ОН.
Ламбринидис изјави дека, за да се постигне компромис, неговата земја смета оти во името на Македонија треба да има географска одредница и тоа име да биде општоприфатено за сите земји исто, а не некаде да се користи на еден начин, а во друга земја на друг начин . Според Ламбринидис тоа е логичен компромис.
„Јас се надевам дека од страна на поранешната југословенска Република Македонија ќе има волја за таков компромис. Другиот дел од прашањето не е во согласност со преговорите во ОН и нема да ви одговорам. Но, треба да сме прагматични и свесни дека сме пред раскрсница на голема надеж дека ќе имаме добрососедски односи во регионот“, изјави Ламбринидис и додаде:
„Ние можеме да избереме да пишуваме историја, доколку ја напуштиме волјата повторно да се бавиме со пишување историја.“
„Доколку и владата во Скопје е подготвена да прифати едно такво решение тогаш ние сме подготвени да седнеме на маса и да разговараме“, додаде на крајот министерот за надворешни работи на Грција, Ставрос Ламбринидис, на прес-конференција во Белград каде се сретна со раководството на Србија.
Ламбринидис ќе го посети и Косово.

Јас се надевам дека од страна на ФИРОМ има волја за таков компромис.