Достапни линкови

Филе - Рамковниот донесе конкретни реформи


Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери го пречекува еврокомесарот Штефан Филе
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери го пречекува еврокомесарот Штефан Филе

Рамковниот договор го помина тестот на времето, но постојат уште предизвици на кои треба да се работи, изјави еврокомесарот Штефан Филе на конференцијата по повод 10-годишнината од Рамковниот договор.

Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, кој во Македонија дојде за прославата за 10-годишнината од Рамковниот договор, рече дека Охридскиот договор го поминал тестот на времето и во овие 10 години донел конкретни реформи, во полицијата, застапеноста на заедниците во јавната администрација, како и во однос на употребата на јазиците во парламентот и на локално ниво. Сега е време владата да ја постави својата визија како ќе се продолжи со спроведување на договорот, а дека не треба воопшто да се каже, дека ЕУ е тука да помогнеме во овој процес, рече високиот европски претставник:
Остануваат важни предизвици. Училиштата треба да се интегрираат, а етничките сепарации во некои од нив да престанат, децентрализацијата треба да обезбеди урамнотежен регионален развој
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

„Остануваат важни предизвици. Училиштата треба да се интегрираат, а етничките сепарации во некои од нив да престанат, децентрализацијата треба да обезбеди урамнотежен регионален развој, бидејќи на сите ваши граѓани им се потребни можности“, рече Филе.

Премиерот Груевски рече дека деновиве, кога одбележуваме 20 години од независноста и 10 години од Охридскиот договор, важно е и да се каже дека Македонија го прифаќа и развива мултикултурното општество кое ја зајакнува нашата самостојност како држава. На конфренцијата, тој даде и свои прецизни одговори за улогата и значењето на овој договор. Ако ме прашате дали е избран правилниот пат да се дојде до него преку дестабилизација, вооружен конфликт и човечки жртви, мојот одговор е не, истакна Груевски:
Премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.
x
Премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.

„Дали имаше сериозен обид да се избегне конфликтот преку отворање на дијалог во парламентот? Не, немаше. Длабоко сум убеден дека до истиот договор можеше да се дојде преку демократски дијалог и дебата во Парламентот доколку беше инициран на соодветен начин. Дали Охридскиот договор треба да се реализира? Одговорот, е да.“
Длабоко сум убеден дека до истиот договор можеше да се дојде преку демократски дијалог и дебата во Парламентот доколку беше инициран на соодветен начин.
Никола Груевски, премиер на Македонија.
Според Муса Џафери, вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, демократизација на системот и децентрализацијата остануваат главни приоритети за иднината на земјата. Главната цел е сите инволвирани страни да преземат одговорност во овој процес со цел подобрување на иднината на земјата, додаде Џафери:

„Тоа што беше и останува, нова база за подобри и постабилни меѓуетнички односи.“

На Националната конференција посветена на 10 години од Охридскиот рамковен договор присуствуваа претставници на политичките партии и на дипломатскиот кор. Учесниците на конференциајта насловена „Децентрлизцијата и мулитултурализам“ оценија дека по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, односно 10 години по конфликтот во 2001 година, Македонија е постабилна и подемократска земја која е се поблиску до Европската унија и НАТО Алијансата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG