Достапни линкови

Повторно визи?


ЕУ разгледува можност за укинување на безвизниот режим во случај на продолжување на азилантските бранови во земјите на ЕУ.

Предлогот на Европската комисија за привремено воведување визен режим кон државите чии што граѓани го злоупотребиле безвизниот режим во понеделник треба да се најде пред Советот на министри на Унијата, а денеска е пред министрите за внатрешни работи и за правда. На прашањето дали Македонија ќе успее да ја спречи привремената суспензија на безвизниот режим, од надлежните институции досега
Важно нема да можеме како сега слободно да патуваме, и на граница да се даваат визите, тоа е небитно. Тоа значи дека визата повторно се воведува, како тоа се регулира и колку ќе трае, што ќе биде условот тоа самите ќе го кажат.

кажуваа дека визите нема да се вратат и уверуваа дека ќе направат се за да ги спречиме лажните азиланти. Новата политика за миграции што ја најави Европската комисија засега наидува на различни објаснувања. Според едни експерти, привременото воведување визен режим всушност ќе донесе одредени ограничувања како поголема рестриктивнсот на граници, додека други сметаат дека можноста што ја најави ЕК значи враќање на визите.

„Важно нема да можеме како сега слободно да патуваме, и на граница да се даваат визите, тоа е небитно. Тоа значи дека визата повторно се воведува, како тоа се регулира и колку ќе трае, што ќе биде условот тоа самите ќе го кажат.“

Како што објаснува Елена Андреевска, професорка по Меѓународно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, станува збор за заедничка одлука што се презема во краен случај кога се друго било пробано. Познато е дека по одобрувањето на визната либерализација, на некои земји од Западен Балкан, неколку земји-членки на ЕУ беа соочени со значаен прилив на лица што патуваа без визи и потоа ги злоупотребуваа постапките за азил.


Според Марија Ристевска од Центрот з а истражување и креирање политики пак можноста што ја најави ЕК значи дека Македонија автоматски нема да се најде на негативната листа, но може да се расправа за неа, а дотогаш има неколку месеци за да се надминат причините за загриженост на ЕУ од азилантските бранови од кај нас.
Оваа одлука ќе биде во однос на заштитните мерки, но нема автоматски да биде прекинат визниот режим. Ќе има одредени реперкусии во случај да биде зголемен бројот на барањата за азил, а реперкусиите можат да бидат и прекин на безвизниот
режим.


„Оваа одлука ќе биде во однос на заштитните мерки, но нема автоматски да биде прекинат визниот режим. Ќе има одредени реперкусии во случај да биде зголемен бројот на барањата за азил, а реперкусиите можат да бидат и прекин на безвизниот режим за граѓаните на земјата од каде што има поголеми барања за азил.“

Добрата вест за Македонија, е само тоа што одлуката за суспензија нема да биде автоматска, туку по известувањето од членките за итна ситуација, вели Андреевска

„Се дава еден период од кога ќе почне да важи. Се кажува од кога ќе почне да се применува.“

Мерките што се преземаат за да се спречат азилантските бранови од земјава во ЕУ, МВР ги презеде од неодамна.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG