Достапни линкови

Името, избегнато во кампањата


Прашањето за името и евроатлантските интеграции не доминираат во оваа изборна кампања.

Надворешната политика, прашањата за евроатланската интеграција, решавањето на спорот со Грција за името се теми за кои суштински не се зборува во кампањата на политичките партии. Поголемите партиите немаат одговор на прашањето какво решение нудат за спорот со името, единствено се согласуваат дека евентуалното решение треба да оди на референдум и дека треба во најбрз можен рок тоа прашање да се реши.
Реално знаат дека со тоа прашање ќе мора да се соочат во првите шест месеци или првата година од идната влада, а тоа се поголеми партии чија тенденција е да ја формираат идната влада и затоа се многу попретпазливи.

Двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги приближија ставовите за процесот, но не и за решението и одлучија да се консултираат со граѓаните на реферндум за евентуално решение, но затоа на митинзи и прес-конференции си разменија удари.

СДСМ вети дека ќе свртат нов лист во преговорите со активна улога и дека кога ќе дојдат до решение ќе ја побараат подршката од граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своите говори на митинзите рече дека партијата нема да прифати предлози кои би го смениле Уставот и би го загрозиле националниот идентитет и јазик, но го искара ривалот СДСМ.

Двете најголеми партии се претпазливи во прашањето за името

„Нивното решение за името е дека ќе оделе на референдум, па што го тормозевте и го исподеливте народот околу ова прашање во овие четири и пол години или сфативте дека таа стратегија на постојано плашање на луѓето дека ако не се прифати секоја уцена од Грција ќе пропаднеме, едноставно веќе не успева.“

Потпаролот на Изборниот штаб на СДСМ Гордан Георгиев возврати во стилот на противникот.
Нивното решение за името е дека ќе оделе на референдум, па што го тормозевте и го исподеливте народот околу ова прашање во овие
четири и пол години.

„Човекот што го продаде името ставајќи се во улога на патриот, нема потреба да разговараме на таа тема, нашата позиција е јасна ја има во програта на страна 164.“

Слични вакви одговори пред неколку месеци даваше и владејачката партија, ги упатуваше новинарите да го прочитаа нивниот став во програмата. Во двете програми првите страници се резервирани за економијата, а надворешната политика и дипломатијата се на последните страници.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели, како им се приближуваат ставовите, помалку зборуваат за темата и избегнуваат да заземат конкретни ставови.

Прашањето за името на последните страници од програмите на двете најголеми партии

„Јас мислам дека една од причините е што реално знаат дека со тоа прашање ќе мора да се соочат во првите шест месеци или првата година од идната влада, а тоа се поголеми партии чија тенденција е да ја формираат идната влада и затоа се многу попретпазливи да заземаат ставови како тоа прашање би се решило, затоа што тоа носи и обврски и затоа ги приближуваат и ставовите како тоа би се решило, додека за финалното решение не се изјаснуваат иако верувам дека и во таа смисла ставовите им се приближуваат, затоа и не инсистираат на таа тема.“

Ермира Мехемети од ДУИ изјави дека на идниот коалиционен партнер нема да му поставуваат рокови, но нема да дозволат да бидат заложник на некој спор што може и треба брзо да се реши.
Човекот што го продаде името ставајќи се во улога на патриот, нема потреба да разговараме на таа тема, нашата позиција е јасна ја има во програта на страна 164.

„Политичките елити и во владата и во опозицијата да работат на таков исход на референдум што нема да го попречува процесот на евроинтеграции.“

Претседателот на ДПА Мендух Тачи дека нема да влезат во владина коалиција доколку не се договорат за основни работи:

„На пример, компромисот за името што треба да се направи итно и брзо, најмалку за три месеци, најмногу за шест месеци.“

Помалите партии како Обединети за Македонија и ВМРО-Народна партија се единстевените кои во кампањата излегоа со предлог решенија за спорот. Првите рекоа дека нема да се смени името, а вторите дека ова прашање треба да се реши со политичка одговорност без референдум и дека во предлогот „Северна Македонија“ не гледаат идентитетски проблем.

Муслиу смета дека помалите партии инсистираат на таа тема затоа што мислат дека со појасни ставови ќе привлечат поголем дел на неопределени гласачи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG