Во Јасен попладнево заврши средбата на претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани.
На средбата, според претседателот Иванов, се расправало за интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името, за одбележувањето на двете децении од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, како и за одржувањето на претстојниот попис.
Премиерот Никола Груевски ги информирал за средбите со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу. Иванов најави дека за прашањето за името ќе расправа и државниот врв на средба на која амбасадорот Ѓорѓи Јолевски ќе информира за евентуално нови моменти во пресрет на средбата со посредникот Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк.
Прашан за македонската позиција за името, шефот на државата нагласи дека таа е позната и секаде искажана, односно оти решението теба да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции. Секое излегување од таа рамка, посегнување по нашиот идентитет, отворањето на прашањето за името и за нашиот јазик, на некој начин го попречува наоѓањето решение. изјави Иванов.
Експерстки ставови за лидерските средби
Со оглед на поранешните искуства од ваквиот тип на средби, експертите се скептични дека ќе се случи некаква суштинска промена. Професорот Алајдин Демири вели дека овие средби го губат значењето и се пречка во развојот на демократијата оти ги суспендираат легитимните органи на системот, како што се парламентот и владата.
,,Овој е оној дрзок обид на лидерите на партиите кои сакаат да се оптоварат и со непостојните, невозможните, недемократските процеси. Денешната средба се искористува за да добие некакво значење, а во суштина нема никакво значење."
За Владимир Божиновски пак, од Институтот за политички истражувања, лидерските средби се позитивна политичка појава, независно од тоа дали истите ќе донесат некаков конкретен ефект.
,,Така што јас не би ја нарекол во целост, вонинституционална, туку е еден друг начин за една директна средба и размена на мислења, иако се разбира дека ефектите несекогаш се онакви какви што се посакуваат или предвидуваат."
Имајќи го предвид фактот дека дневниот ред на оваа средба е преобемен, може ли да се очекува конкретен исход од оваа средба? Политиколозите ги отфрлаат ваквите очекувања како нереални.
,,Надвор од ум е да се мисли дека нешто може да се одлучи на таа средба, затоа што за тие прашања веќе 20 години неможе да се донесе одлука. Така што тие го губат значењето и прават некаков арогантент церемонијал на лидерите дека се многу значајни и дека можат да ја сублимираат и демократијата."
изјави Демири.
На денешната средба не учествуваше лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, за кој средбата се прави само колку да се создаде привид дека се е нормално во општеството.

Така што јас не би ја нарекол во целост, вонинституционална, туку е еден друг начин за една директна средба и размена на мислења, иако се разбира дека ефектите несекогаш се онакви какви што се посакуваат или предвидуваат