Браво за нашиот народ! И во немаштија и кога нема доволно пари, во себе наоѓа место за хумор; за волја на вистината, малку сив, или, поточно саркастичен, ама сепак хумор: во Хајд паркот на Радио Слободна Европа, на прашањето како ќе се поминат претстојните новогодишни и божиќни празници, Пепи од Битола извикува: „Нема зима за нас. Ако треба и корења ќе јадеме!“. Всушност, ќе беше смешно, да не е многу тажно и од мака кажано.
Инаку, полициската акција Пајажина и апсењето на сопственикот на А1 ТВ резултира со повеќе коментари од вас, почитувани, и како што е и разбирливо, на нашата интернет страна постои слобода за искажување различни ставови: Некој слушател, потпишан со Буљаш Скопски пишува: „Апси, Грујо се' по ред, ај да видам сега нека каже некој против нас нешто“
Со исто име потпишан има и друг коментар, поразличен од овој, па претпоставувам дека станува збор за скриен идентитет: „Е, Заев, Заев, ти се извинуваш за искажани зборови, а овие навистина јадат живи луѓе“. Лазар, пак, од Скопје и' пожелува среќа на државичкава, како што пишува, „ако докажат дека се' е како што велат, ќе ќари државичкава убава паричка“. Кицо од Велес му довикнува на Велија дека неговото завршило и оти дошло време за плаќање.
Нашиот текст насловен со „Сон за државна работа“ ги провоцира Милаод Скопје и Сашо од Багдад да го коментираат менталитетот на македонскиот човек и особено на младите луѓе, за кои пишуваат дека се мрзеливи и дека живеат под мотото „Нишај врата, земај плата“, чекајќи нивните татковци или политички партнери да ги вработат во администрацијата, наместо да размислат како сами да почнат некаков бизнис.
Анализата на наш новинар за различните толкувања на извештаите и на ранг листите од домашни или од странски институции и истражувачки центри предизвикала интересен пишан „дијалог“ меѓу тројца наши пишувачи на пораки: Мула Насрудин од Скопје им наоѓа забелешка на експертите консултирани во анализата и вели: „Колку се истрошени, не се сметаат за експерти“. Димитар, исто така од Скопје, го коментира ова: „Ауу, демек, експертите не чинеле. Нападот е најдобра одбрана - темата боли, ама експертите не чинат“, а Миле од Скопје става капак и пишува: „Потрошени сте вие од ВМРО, ама кога ќе разберете ќе ви биде доцна“.
Редовниот слушател С и дупло В смета дека Владата, ЕЛЕМ и ЕВН го пљачкосуваат народот со високата цена на струјата, а заработката заедно си ја делеле. На овој наш слушател му се качувал притисокот од, како што пишува, овој циркус од држава и власт и на makdenes.org му благодари за отстапениот простор.
Инаку, полициската акција Пајажина и апсењето на сопственикот на А1 ТВ резултира со повеќе коментари од вас, почитувани, и како што е и разбирливо, на нашата интернет страна
Апси, Грујо се' по ред, ај да видам сега нека каже некој против нас нешто.
Со исто име потпишан има и друг коментар, поразличен од овој, па претпоставувам дека станува збор за скриен идентитет: „Е, Заев, Заев, ти се извинуваш за искажани зборови, а овие навистина јадат живи луѓе“. Лазар, пак, од Скопје и' пожелува среќа на државичкава, како што пишува, „ако докажат дека се' е како што велат, ќе ќари државичкава убава паричка“. Кицо од Велес му довикнува на Велија дека неговото завршило и оти дошло време за плаќање.
Нашиот текст насловен со „Сон за државна работа“ ги провоцира Мила
Е, Заев, Заев, ти се извинуваш за искажани зборови, а овие навистина јадат живи луѓе.