По повикот пред неколку месеци до српските тајкуни да вратат дел од богатството за кое не им е побарано од каде потекнува, претседателот Борис Тадиќ пред неколку дена испрати уште еден. Тој истовремено и порача на владата да ги измени даночните закони со цел најбогатите да имаа погалеми даноци од другите. За дел од тамошните експерти станува збор за политичка акција која носи големи ризици.
„Политичката класа во Србија чувтсвува страв од растечкиот социјален гнев, па прибегна на оној стар систем гневот да го пренасочи на новите богаташи. Тука има и една релативно рационална димензија. Дел од пакетот прашања што Европската унија му го достави на Белград се однесува на новите богаташи и на однесувањето на државата спрема нив“.
вели економскиот аналитичар Димитрије Боаров, додавајќи дека е точно оти богатите во Србија имаат одредени привилегии и оти поголемиот дел од сиромашна Србија би сакал да види како некој од нив ги губи погодностите, а можеби и како пропаѓа.
„Но, тоа би им се удрило од глава најпрвин на сиромашните, а не на најбогатите, бидејќи ќе ја загубат работата. Истовремено тоа ќе ги истера инвеститорите на подолг период“.
вели Алексанадар Стевановиќ од Центарот за слободен пазар. На ист став е и Боаров кој додава дека станува збор за политичка акција која носи големи политички ризици, а без да има некаква економска полза од неа. Тој смета дека во Србија постои специфичен проблем што го нема во развиените западни земји, односно кога домашните граѓани ги злоупотребуваат привилегиите што ги добива странските капитал.
„Значи ако на странскиот капитал му дадете претерани привилегии, тогаш целото домашно стопанство почнува да се регистрира во странтво за да ги искористи тие привилегии. Во таа смисла, проблемот не е толку едноставен“.
Наведува економскиот експерт Димитрије Боаров, кој како и Александар Стевановиќ не верува дека оваа иницијатива воопшто ќе заживее.
Во неколку европски земји расте страхувањето дека вчерашните немири предизвикани од мерките за штедење би можело да продолжат. Италијанските студенти вчера ги зазедоа универзитетските згради во Рим незадоволни од кратењето на студентските трошоци и притоа имало судир со полицијата. И британските студенти ги продолжија протестите поради плановите на владата за зголемување на школарината за три пати.

Тоа би им се удрило од глава напрвин на сиромашните, бидејки ќе ја загубат работата ...