Достапни линкови

Интернет комуникацијата во пораст


Во општината Дебар видно е зголемен интересот на младите за користење на интернет услугите и покрај тоа што станува збор за општина со социјални проблеми.

И покрај тоа што станува збор за општина со изразито социјални проблеми, сепак младите во голем број се редовни корисници на социјалните мрежи достапни преку интернет.
Во врска на комуникацијата на младите преку интернет, Центарот спроведе анкета во дебарската гимназија ,,Здравко Чочковски,, и притоа учениците се изјаснија дека 80 отсто користат интернет

Локалниот координатор за реализирање на проектот ,,Подобро он лајн активизам, отколку каков било неактивизам" Гоце Лубиновски од НВО ,,Центар за одржлив развој на заедницата" во Дебар, подвлекува дека интернет комуникацијата во градот и селата е на високо ниво.

,,Во врска на комуникацијата на младите преку интернет, Центарот спроведе анкета во дебарската гимназија ,,Здравко Чочковски,, и притоа учениците се изјаснија дека 80 отсто користат интернет. Во врска со прашањето колку тие сметаат дека комуникцијата и користењето на интернетот е позитивно, тие во најголем број велат дека тоа е позитивна комуникација, додека еден помал дел од младите во гимназијата оценуваат дека долгото користење на интернет услугите има и негативни елементи."

Лубиновски за оценката околу користењето на интернет услугата во селските населби вели дека и таму има голем интерес за интернетот. Според него, поради големиот број печалбари во руралните средини, и во селата има голем број интернет врски со кои семејствата комуницираат со печалбарите додека пак младите притоа масовно ги користат и социјалните мрежи
Исто така и анкетите направени во гимназијата, доволно говорат за интересот на младите за социјалните мрежи
достапни на интернет.
Дијана Близнаковска, координатор на проектот на младите застапници за граѓански и политички права, кој го реализира НВО инфоцентар од Скопје и Младинскиот образовен форум од Дебар, оценува дека користењето на интернет комуникациите на младите во Дебар е на исто ниво како и на младите од другите градови во земјава.

,,Со самиот факт што младите во Дебар се вклучени во дебати околу користењето на интернетот, каде што даваат свои погледи, но исто така и анкетите направени во гимназијата, доволно говорат за интересот на младите за социјалните мрежи."

Инаку податоците говорат дека во зголемувањето на процентот на населението во Дебар кое користи интернет комуникации видно влијаат – зголемувањето на интернет приклучоците како во градот така и во селата, потоа големиот број интернет клубови, но и опремувањето на училиштата со компјутери и интернет врски.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG