Познат како Дејтонски договор тој беше производ на тринеделни интензивни дипломатски напори на Соединетите Држави, Европската унија и Русија.
Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, како претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, ги ставија нивните потписи на договорот со кој заврши најтешкиот меѓуетнички конфликт во Европа по Втората светска војна, со повеќе од 100 илјади загинати и со невидени воени злосторства.
За многумина Дејтон претставуваше и основа за долгорочната иднина на Босна како мултиетничка, обединета држава. Но, професор Брус Хичнер, еден од создавачите на Дејтонскиот договор, вели дека ваквите очекувања исчезнаа.
„Ниедна од страните никогаш всушност навистина не го имплементира Дејтонскиот договор. Еден од најголемите проблеми е тоа што во изминативе 15 години луѓето различно го интерпретираа.“
Меѓу другото, со Дејтонскиот договор Босна беше составена од два ентитета, Муслиманско-хрватска федерација и Република Српска и со меѓународно присуство за да го чува мирот во земјата.
Петнаесет години подоцна, Босна можеби го зачува мирот, но далеку е од тоа да биде стабилна.
Централните институции, вклучувајќи го и тричленото претседателство, се неефикасни.
Меѓународните чувари на мирот и натаму се во земјата, а неизвесно е дали локалните власти некогаш ќе бидат способни да ја преземат контролата од нив.
Минатата недела, Советот за безбедност на ОН за уште една година им го подолжи мандатот на европските сили во Босна.
Претходно, пак, меѓународниот претставник Валентин Инцко предупреди дека земјата заостанува во реформите потребни за влез во НАТО и Европската унија. Тој побара од босанските лидери да ги надминат етничките поделби.
Но, таквото единство е се поневеројатно во време кога српските власти во Бања Лука се закануваат со отцепување од Босна, што е спротивно на целите на Дејтонскиот договор.
„Уставот е многу јасен. Ентитетите се дел од државната структура, но не се држава сами по себе. Тие не се две еднакви држави кои ја создадоа Босна. Тие ја признаваат Босна како заедничка држава. Кој не го прави тоа, погрешно го толкува Дејтонскиот договор“, вели Хичнер.
Тој додава дека Република Српска не може да постои надвор од Босна.
Сепак, косовскиот успешен обид да обезбеди независност од Србија ги поттикна дискусиите на Балканот дека етничките групи имаат право да бараат политичка автономија.
Незадоволството во Белград во врска со Косово, резултираше со премолчено прифаќање, ако не и со целосно охрабрување, на проавтономната реторика на Република Српска.
Брисел и Вашингтон се обидуваат да го зачуваат Дејтонскиот договор. За таа цел американската државна секретарка Хилари Клинтон минатиот месец беше во Сараево, а Европската унија деновиве се согласи да ги укине визите за босанските државјани.
Но, тоа засега, по се изгледа, не е доволно.

Слободан Милошевиќ, Алија Изетбеговиќ и Фрањо Туѓман го потпишуваат Дејтонскиот мировен договор на 21 ноември 1995 година
Меѓу другото, со Дејтонскиот договор Босна беше составена од два ентитета, Муслиманско-хрватска федерација и Република Српска и со меѓународно присуство за да го чува мирот во земјата.
Уставот е многу јасен. Ентитетите се дел од државната структура, но не се држава сами по себе. Тие не се две еднакви држави кои ја создадоа Босна. Тие ја признаваат Босна како заедничка држава. Кој не го прави тоа, погрешно го толкува Дејтонскиот
договор.
Петнаесет години подоцна, Босна можеби го зачува мирот, но далеку е од тоа да биде стабилна.
Централните институции, вклучувајќи го и тричленото претседателство, се неефикасни.
Меѓународните чувари на мирот и натаму се во земјата, а неизвесно е дали локалните власти некогаш ќе бидат способни да ја преземат контролата од нив.
Минатата недела, Советот за безбедност на ОН за уште една година им го подолжи мандатот на европските сили во Босна.
Претходно, пак, меѓународниот претставник Валентин Инцко предупреди дека земјата заостанува во реформите потребни за влез во НАТО и Европската унија. Тој побара од босанските лидери да ги надминат етничките поделби.
Но, таквото единство е се поневеројатно во време кога српските власти во Бања Лука се закануваат со отцепување од Босна, што е спротивно на целите на Дејтонскиот договор.
„Уставот е многу јасен. Ентитетите се дел од државната структура, но не се држава сами по себе. Тие не се две еднакви држави кои ја создадоа Босна. Тие ја признаваат Босна како заедничка држава. Кој не го прави тоа, погрешно го толкува Дејтонскиот договор“, вели Хичнер.
Тој додава дека Република Српска не може да постои надвор од Босна.
Потпишување на мировниот договор за Босна на 14 декември 1995 година во Париз. Договорот беше постигнат на 21 ноември истата година во Дејтон. Стојат(од лево кон десно): Шпанскиот премиер Фелипе Гонзалес, Американскиот претседател Бил Клинтон, франсускиот претседател Жак Ширак, германскиот канцелар Хелмут Кол, британскиот премиер Џон Мејџор и рускиот премиер Виктор Черномирдин. Седат(од лево кон десно): Српскиот претседател Слободан Милошевиќ, хрватскиот Фрањо Туѓман и босанскиот Алија Изетбеговиќ.