Претворањето на дебатата за името на државата во идентитетски спор е нешто што полека води и кон идентитетска криза, велат дел од македонските експерти. Во позадината стои водењето дневна политика во интерес на партиските рејтинзи а последиците водат кон зголемена дилема кај меѓународните институции во врска со нашиот идентитет како и зголемена опасност во рамките на државата од зголемена конфликтност како интраетничка така и интеретничка.
Во услови на национализам сите престануваат да мислат и почнуваат да се солидаризираат околу нацијата, јазикот, идентитетот, а никој не вели што во идентитетот е спорно?
,,Во услови на национализам сите престануваат да мислат и почнуваат да се солидаризираат околу нацијата, јазикот, идентитетот, а никој не вели што во идентитетот е спорно?"
вели професорот Денко Малески според кого одговорноста за македонското оддалечување од ЕУ и НАТО лежи во како што вели македонскиот нараснувачки национализам кој расте како одговор на грчкиот но и штети најмногу на државата.
Инсистирањето на античкиот идентитет е тоа што вели Малески ги поткопува македонските позиции во меѓународната политика а истовремено ја зголемува меѓународната поддршка за Грција.
,,Без оглед што ни кажуваат дипломатите поддршката од навдор ќе биде кон Грција, затоа што тие она што се случува во Македонија го толкуваат како националистичка грозница, температура..."
Без оглед што ни кажуваат дипломатите поддршката од навдор ќе биде кон Грција, затоа што тие она што се случува во Македонија го толкуваат како националистичка грозница, температура...
додава Малески. Намерно или случајно појавените грешки што се однесуваат на идентитетските прашања на нацијата и јазикот во меѓународните документи се само кулминација на погрешно водена политика додава професорот Мерсел Биљали.
,,Не можете наместо да ги решавате круцијалните прашања перманентно да откривате чудна историја, да градите споменици наместо инвестиции и да се спротиставувате на основните приноси на демократијата, како преговорите, разговорите и тоа е сигнал дека многу повеќе може да загубиме во иднина."
Последиците се продлабочуваат велат експертите и тоа во насока на изолација на земјата, најпрвин политичка а со тоа и економска. На меѓународната заедница не и се допаднаа од самиот почеток и ги нарече непотребни провокации кон Грција неколкуте проекти на актуелната власт од типот на преименувањето на скопскиот аеродром, автопатот, стадионот, проектот 2014, повикувањето на античката историја и директната поврзаност со античкото потекло на македонците, тренд кој и во меѓународните документи влезе под терминот антиквизација. Ова според експерите е главната кочница да се дојде до решение на спорот за името што се наметна како услов за нашето приближување кон меѓународните институции. Без консензус на најзначајните политички играчи во македонската политика околу можното решение, земјата може да се движи само кон дестабилизација, заклучуваат дел од нив.