Достапни линкови

Груевски и Папандреу - очекувања


Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на нова средба во Брисел
Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на нова средба во Брисел

Одложена вчера па најавена за денеска. Ќе донесат ли нешто ново во македонско грчкиот спор Груевски и Папандреу?


Македонскиот премиер вчера требаше да има средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, но на барање на грчката страна, таа е презакажана за денеска во 14:30. Одложувањето на средбата е поради активностите на Папандреу на состанокот на Европскиот совет.
Како што е најавено, премиерот Груевски претпладне ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Груевски вчера имаше средби во Брисел со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
На нив тој рекол дека Македонија е подготвена и има силна волја за надминување на билатералниот спор за Грција околу уставното име под покровителство на ОН, со решение што ќе биде прифатливо за народите во двете земји.

Тешко до компромис?

Средбите на премиерско ниво се во принцип позитивни, но како што покажува и досегашното искуство од нив не треба многу да се очекува, велат експерите за најавената средба на премиерот Груевски со Папандреу во Брисел.
Груевски денеска се среќава и со шефот на НАТО Андрес Фог Расмусен. Професорот Денко Малески вели дека ваквите средби нема да вродат со плод.
На тие средби Грците претпоставувам едноставно ќе ги повторат нивните барања, за кои што своевремено и самиот премиер рече дека ниту една влада во наредните 100 години не ќе може да ги прифати


„На тие средби Грците претпоставувам едноставно ќе ги повторат нивните барања, за кои што своевремено и самиот премиер рече дека ниту една влада во наредните 100 години не ќе може да ги прифати, според тоа негледам дека нешто на такви средби може да се постигне, на средби за кои што нема претходна подготовка.“

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека средбите на премиерско ниво се во еднострана корист на Грција.

„Грција со тоа покажува, демонстрира дека ’еве ги правиме сите напори да дојдеме до решение‘, но тоа е само формално бидејќи суштински Грција нема отстапено ниту милиметар од своите максималистички барања.“

Деновите меѓународната зедница повторно упати пораки Макеоднија да не ја испушти историската шанса за влез во Унијата. По вчерашната средба со Груевски, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо рече дека очекува Македонија да најде решение за прашањето за името. Тој изјави дека идентитетските прашања се важни, но уште поважно е минатото да
Грција со тоа покажува, демонстрира дека `еве ги правиме сите напори да дојдеме до решение`, но тоа е само формално бидејќи суштински Грција нема отстапено ниту милиметар од своите максималистички барања
не ја држи иднината во заложништво. Пред два дена при посетата на земјата заменик помошникот на државниот секретар на САД, Томас Кантримен рече дека Македонија и Грција премногу се потпираат на Соединетите држави, наместо на самите себе си. Тој изјави дека решението на спорот за името бара тежок компромис кој мора да биде направен од двете страни и само преку директен дијалог, за кој САД секако ќе дадат голема подршка. Никовски вели дека изјавата на Баросо звучеше застрашувачки.

„Бидејќи сметам дека тоа е чекор напред од притисокот врз нас кога идентитетот веќе не е важен, туку е поважно ние да капитулираме де факто и да го решиме нивниот проблем.“

Малески вели дека нема да има придвижување на напред се додека Македонија сериозна не поработи дома:

„Градење на консензус околу тие тешки барања до Македонија.“

Груевски пред неколку денови изјави дека се надева оти идните средби со Папандреу ќе бидат посуштински и нема да бидат само формални.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG