Достапни линкови

Франција - протестите продолжуваат


Париз 19 Октомври
Париз 19 Октомври

Во Франција стотици илјади луѓе го изразија незадоволството поради пензиските реформи за кои денеска треба да се гласа во Сенатот. Земјата се соочува со проблеми во сообраќајот, со недостиг на енергија, а популарноста на Претседателот Николас Саркози е на најнисоко ниво откако стана шеф на државата.

Франција се соочува со континуирани штрајкови поради владиниот план за пензиски реформин со кој се предвидува да се покачи староста за заминување во пензија од 60 на 62 години. Стотици илјади луѓе протестираа деновиве низ целата земја пред гласањето за реформите во Сенатот. Преставникот на Синдикатите Лахми Тагмит изјави:

„Секој ден ја играме играта на мачка и глушец, но на крајот сигурен сум дека ке мора да седнеме на маса и да дебатираме. Тоа е најважното, а тоа не го правиме во моментов.“

Портпаролот на Синдикатите Ерик Ламу, пак, порача:
Мислам дека мнозинството Французи се противат на пензиската реформа. Многу од вработените се приклучија на демонстрациите. Мислам дека протестите ќе продолжат. Во секој случај, во наш интерес е да се бориме против оваа реформа.

„Мислам дека мнозинството Французи се противат на пензиската реформа. Многу од вработените се приклучија на демонстрациите. Мислам дека протестите ќе продолжат. Во секој случај, во наш интерес е да се бориме против оваа реформа.“

Протестите главно се мирни, но имаше и појави на насилство во Париз и во Лион. Ерик Ламу, кој е и вработен на парискиот аеродром Шарл де Гол, надвор од Аеродромоот за Ројтерс изјави:

„Денеска, со други зборови, ние решивме да го демонстрираме нашето непријателство кон пензиските реформи и да протестираме на сите аеродромски терминали.“

Французинка со знамето на Комунистичката Партија

Се јавува дека денеска поради блокадата на Аеродромите, патниците сами си го носеле багажот до терминалите.

Штрајкуваат и вработените во рафинериите и во Франција има недостиг од гориво. Владата соопшти дека ќе ги отвори стратегиските резерви со нафта.

Во пристаништето во Марсеј се заглавени 51 танкер со нафта. Претседателот Никола Саркози, чија популарност е на најниско ниво откако го презеде мандатот, нареди разбивање на демонстрантите и расчистување на пристапите кон нафтените рафинерии.

Вчера, околу една четвртина од бензиските пумпи во земјата беа празни. На интернет страницата на музичката звезда Леди Гага, пак, пишува дека двата концерта во Париз ќе бидат одложени затоа што опремата не можела да биде доставена навреме.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG