Достапни линкови

Македонските куглари на СП


Следната недела во Австрија ќе се одржи светското првенство во куглање
Следната недела во Австрија ќе се одржи светското првенство во куглање

Најдобрите македонски куглари ги одбројуваат последните денови до патувањето во австрискиот град Ризинг, каде што наредната недела, 24-30 октомври, ќе се одржи поединечното СП.

Таму нашите бои, во три дисциплини - поединечно, спринт и комбинација, ќе ги бранат пет натпреварувачи во машка и три во женска конкуренција. Тие во Австрија ќе се соочат со светската елита, против која ќе треба да минат 4 кола, за влез во полуфиналето, што говори дека ги очекуваат големи искушенија. Во нашиот табор се свесни за тоа, но и подготвени за предизвикот, кој го очекуваат со голем оптимизам и убеденост дека ќе освоиме барем еден медал. Тоа, практично е и обврска по досегашните успеси на машкиот тим, што го сочинуваат: актуелниот светски јуниорски првак поединечно и во комбинација - Бранко Манев, потоа сениорскиот светски шампион од пред 6 години - Борис Бенедик, па Костадин Манев, како и реномираните Дамир Фучкар и Урош Стоклас. Поради добрата форма во
Костадин Манев затоа што веќе трета година по ред доминира на сите турнири, од 20 турнири на кои што учествувал, на 15 е или победник, или е втор или го урива рекордот на кугланата, така што може да замислите за каков играч се зборува
која тие се наоѓаат, селекторот Менсур Ајдин очекува висок пласман од сите, а како најголем претендент за медал го издвојува:

„Костадин Манев затоа што веќе трета година по ред доминира на сите турнири, од 20 турнири на кои што учествувал, на 15 е или победник, или е втор или го урива рекордот на кугланата, така што може да замислите за каков играч се зборува.“

Поради тоа што сите настапуваат во странство, Ајдин ќе ги одржи финалните подготовки за Мундијалот со своите избраници од петок до недела во Загреб, каде што единствените заеднички тренинзи ќе ги одработат и дамите. Тие се во сенка на кугларите, но и меѓу нив имаме адут за висок дострел, а тоа е натурализираната Македонка, Леа Маер.

„За девојките важи исто како и за машките. Јас би типувал за Леа Маер која игра во хрватската лига, радува нејзината форма која не паѓа, туку држи константа, што ме радува бидејќи во Хрватска се многу различни кугланите, на многу места се игра. Значи типувам на неа, дека може да стаста до четврто-трето коло, а тоа значи четврфинале или полуфинале.“

Според селекторот Менсур Ајдин, од другите две натпреварувачки не треба да имаме преголеми очекувања, најмногу поради тоа што тие го немаат неопходното искуство и континуитет во тренинзите. Поради тоа, за Тања Трпковска значаен е самиот настап на Мундијалот, додека минувањето на едно до две кола ќе биде полн погодок за Данче Гиевска.
XS
SM
MD
LG