Достапни линкови

Политичка карикатура


Светска галерија на карикатури „ Остен,,
Светска галерија на карикатури „ Остен,,

Наместо коректив на состојбите, во Македонија политичката карикатура претставува само ,,забава" за граѓаните, велат комуниколозите.

,,Што би се случило кога македонски политичари би се нашле во Сахара? Првиот ден би се чуделе. Вториот ден би имале состанок. Третиот ден би поскапела песокта."

Ова е дел од политичкиот хумор кој во демократско општество треба да биде ја поткрене критичката свест на луѓето.
Политичкото секојдневие може да се погледне на задните страни на дел од весниците претставен во иронична и саракстична форма. Политичката карикатура е она што треба да биде коректив на состојбите, но во Македонија тоа претствува само издувен вентил за
Многу повеќе влијае на гласачите отколку на самите политичари, можеби влијае на политичарите додека не бидат избрани, меѓутоа откако ќе ги изберат мислам дека многу малку влијае
народот, велат комуниколозите.
Познатиот карикатурист Дарко Марковиќ, кој синоќа доби награда за животно дело на 38-мата Светска галерија на карикатура, вели дека политичките карикатури најмногу влијаат врз гласачите.

,,Многу повеќе влијае на гласачите отколку на самите политичари, можеби влијае на политичарите додека не бидат избрани, меѓутоа откако ќе ги изберат мислам дека многу малку влијае."

Галеријата на карикатури ја посети и пратеникот Стојан Андов кој вели дека помина времето кога политичарите кога бурно и некултурно реагираа на карикатурите кои им се посветени.

,,А сега дали ќе извлечат поука тоа зависи и од тоа што тој лично носи. Народот ги прима тие пораки, на пример ликот на Пецко е еден од најомилените ликови и мислам дека ако го споредите со политичарите, води Пецко по угледот."

Еден од љубителите на карикатурата, професорот Димитар Мирчев вели дека во Македонија нема вистинка политичка карикатура и
Пример ликот на Пецко е еден од најомилените ликови и мислам дека ако го споредите со политичарите, води Пецко по угледот
сатира.

,,Веројатно малку е работа и на школување, меѓутоа и на односот на власта кон карикатурата, многу често не соодветно реагираат на карикатуризирањето на нивните личности, фигури, дејствија, акти, мерки, закони итн."

Комуниколот Сеад Џигал вели дека политичката карикатура треба да создададе здрав критички дух кон феномените во општетсвото, но она што недостасува е ефекноста.

,,Оперира на две рамништа, рамниште на забавата, еден вид ,,издувен вентил" на самата јавност каде што таа може да се забавува на сметка на општествените моќни сили, додека од друга страна колку што помага толку и го издишува капацитетот на другите општествени граѓански чинители да преземат нешто по опипливо."

Вербална демократија во Македонија постои, но таа служи само за да ги исфилтрира нештата кој би требало да предизвикаат промени. Граѓанскиот активизам не се храни и инспирира од политичкиот хумор и сатирична критика за да предизвикаат некаков ефект, вели Џигал.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG