Достапни линкови

Битолската општина нетранспарентна?


Битола
Битола

Младински културен центар и НВО Инфоцентар спроведоа истражување за тоа како општината во Битола комуницирала со граѓаните и медиумите.

Односите со јавноста во битолска општина не се на потребното ниво. Ова го констатирале во тромесечното истражување организациите Младиснки културен центар и НВО Инфоцентар анализирајќи ги начините на кои општината комуницирала со граѓаните и медиумите.

,,Алатките кои во моментот ги користи општина Битола се многу малку функционални. Тие не даваат информации истовремено и на граѓаните и на медиумите. Ако на еден обичен граѓанин му треба информација што работи Советот на општина Битола, неговата структура, тие информации ние во три месечен мониторинг не најдовме место каде можеме да ги добиеме."
Алатките кои во моментот ги користи општина Битола се многу малку функционални. Тие не даваат информации истовремено и на граѓаните и на медиумите. Ако на еден обичен граѓанин му треба информација што работи Советот на општина Битола, неговата структура, тие информации ние во три месечен мониторинг не најдовме место каде можеме да ги добиеме


вели Маја Ангелевска, аналитичар од Младинскиот културен центар од Битола.
Тие ја набљудувале општинската веб страна и заклучиле дека недостигаат информации за целкупната работа на општината, англиската верзија не е ажурирана подолго време. На огласната табла која служи за информирање на граѓаните да не шетаат низ лавиринтите на општината, имало информации од минатото лето и флаери од невалдини организиации. Општинското информативно гласило пак се обајавувало без прецизна рамка на излегување. Од општината одговаараат дека странките најчесто информациите ги добивале преку телефон.

,,Една работа што овој проект пропушти да ја направи, а тоа е најискористуваната можност од страна на граѓаните, а тоа е самата можност тие да се јават телефонски и да добијат информација директно од претпоставените или од самите служби."

изјави Тоше Ивановски претставник на битолската општина. На повеќето општини во државата слабост им е тоа што не посветуваат доволно внимание на односите со јавноста, вели Билјана Бејковска од НВО Инфоцентар.

,,Голем проблем на општините е тоа што односите со јавноста воопшто не им се приоритет. И ќе видите дека во голем дел од општините или не постојат одделенија за односи со јавноста или некои луѓе кои се таму назначени се залутани и тоа им е дополнителна обврска која не сакаат да ја работат, не се доволно обучени, не гу имаат вештините, не сакаат да комуницираат и на тој начин се создава една ситуација,општината колку и да прави добри работи за граѓаните, колку и да се обидува да биде транспарентна едноставно не го постнува тоа."

вели Бејковска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG