Достапни линкови

Тензии на северот на Косово


Во исчекување на почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а по последните инциденти во Митровица, се наметнува прашањето на кој кај двете страни не му одговораат разговори. Нередите во Митровица се уште еден доказ дека дијалогот е потребен и треба што поскоро да се организира.

Нередите во Митровица по кошаркашкиот натпревар меѓу Србија и Турција на светското првенство воТурција беа последни во неколкуте инциденти што се случија на северот на Косово во изминативе недели.

Претходно имаше неколку масовни караници меѓу граѓаните, експлозии во кои беа уништени полициски возила и убиство на еден
Проблемот е во тоа што за ова внатрешно прашање за Косово може да се разговара со Србија, со соседна земја така што мислам дека тоа ќе предизвика политичка нестабилност и ќе биде негативно за нас.
албанец.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи вели дека ваквата напната ситуација може индиректно да влијае врз разговорите меѓу Белград и Приштина.

,,На индиректен начин можат да се предизвикаат тензии иако оваа ситуација директно не се поврзува со идните разговори. Но секогаш на северот постои негативен потенцијал и потребни се мали искри за да дојде до насилство што ќе има влијание врз дијалогот.,,

Вели Реџепи. Дел од косовските аналитичари сметаат дека, без оглед на инцидентите, до разговорите меѓу Белград и Приштина ќе дојде и оти на нив токму ќе се разговара за северот на Косово.

,,Проблемот е во тоа што за ова внатрешно прашање за Косово може да се разговара со Србија, со соседна земја така што мислам дека тоа ќе предизвика политичка нестабилност и ќе биде негативно за нас бидејќи мислам дека Србија нема право да се меша во внатрешните косовски прашања.,,
Не сум многу сигурен и дека оние што се на власт ја сфатија важноста на дијалогот. И меѓу нив има кои и натаму мислат дека работите треба да ги решаваат со сила, бидејќи тоа тогаш добро им одело.

Вели Агрон Бајрами. И државниот секретар во српското министерство за Косово Оливер Ивановиќ смета дека до разговорите меѓу двете страни треба да дојде што е можно поскоро.

Во врска со тоа на кои сили на двете страни не им одговораат разговори тој вели:

,,На сите оние што мислат дека ја завршиле работата и оти ваквиот разговор е излишен. На Косово главно радикалните елементи се противат на дијалогот, но не сум многу сигурен и дека оние што се на власт ја сфатија важноста на дијалогот. И меѓу нив има кои и натаму мислат дека работите треба да ги решаваат со сила, бидејќи тоа тогаш добро им одело.,,

Вели Ивановиќ, додавајќи дека српската страна на разговорите гледа како на политичко прашање. За аналитичарот Зоран Драгишиќ пак, дијалогот не им одговара на сите оние што извлекувале профит од несредената ситуација на Косово:

,,Кога зборуваме за албанската страна, тоа се луѓе вмешани во криминал и на кои нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина сериозно ќе им ја загрози работата. Од српска страна исто така постои криминална структура на која средувањето на односите не им одговара. Постои и еден дел таканаречени професионални срби, односно оние што на Косово живеат од тоа што се срби. Знаете, малку криминал, малку србување и тоа носи голем профит.,,

Наведува Драгишиќ, кој предупредува дека и натаму треба да се очекуваат слични инциденти како последниот во Митровица и оти затоа една од првите теми на разговорите меѓу Белград и Приштина треба да биде безбедноснста ситуација на северот на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG