Скопје денеска живее во духот на фудбалот. На градскиот стадиот Филип Втори вечерва силите ќе ги одмерат македонскиот првак Работнички со англискиот најтрофеен клуб Ливерпул во рамки на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Картите за натпреварот се распродадени, а капацитет на стадионот со пуштањето на реновираната Јужна трибина, сега изнесува 22.000 гледачи. Од Англија во Скопје се очекуваат 1.000 навивачи на клубот од Енфилд, а најавени се и 5.000 негови симпатизери од околните земји. Низ центарот на градот може да се забелжат навивачите на црвените облечени во дресови од нивниот омилен играч.
,,Мислам дека ќе биде типична атмосфера, бидејќи ние каде што одиме правиме голема врева и пееме многу песни. Се надевам на добра атмосфера и на остварување на пријателски контакти.“
,,Прв пат сум во Македонија и незнам каква ќе биде атмосферата на натпреварот. Се надевам дека ќе биде добра, бидејќи овде луѓето се пријателски расположени.“
Македонските љубители на фубалот исто така очекуваат добар натпревар и атмосфера, но има и некои скептични.
,,Ќе биде добро мислам.“
,,Да има атмосфера, убаво да биде.“
,,Пријателство има, еве се дружиме, заедно седиме.“
Тренерот на Ливерпул Рој Хоџсон вели дека очекува освен напаѓачката бразилска линија на Работнички, главоболки да им создадат и навивачите.
,,Мислам дека навивачите ќе одиграат улога. Ова е важен натпревар за историјата на клубот. Ливерпул е голем клуб и за навивачите ова е средба за паметење. Мислам дека сите тие нешта заедно ќе направат една тешка атмосфера и треба да одиграме многу добро, ако сакаме да ја преживееме.“
А еве како навивачите на Работнички и Ливерпул типуваат на вечерашниот епилог на натпреварот.
,,Мислам дека ќе биде нерешено.“
,,1:0 за Работнички.“
,,Резултат, 1:0 за Работнички.“
Ливерпул во Скопје пристигна со вториот тим, а најзвучните имиња кои ќе настапат се Агер, Шкртел и Акуилани, бидејќи ѕвездите останаа на Мерсисајд. Но, и со ваков состав тој е фаворит на натпреварот.
Мислам дека ќе биде типична атмосфера, бидејќи ние каде што одиме правиме голема врева и пееме многу песни. Се надевам на добра атмосфера и на остварување на пријателски контакти
,,Мислам дека ќе биде типична атмосфера, бидејќи ние каде што одиме правиме голема врева и пееме многу песни. Се надевам на добра атмосфера и на остварување на пријателски контакти.“
,,Прв пат сум во Македонија и незнам каква ќе биде атмосферата на натпреварот. Се надевам дека ќе биде добра, бидејќи овде луѓето се пријателски расположени.“
Македонските љубители на фубалот исто така очекуваат добар натпревар и атмосфера, но има и некои скептични.
,,Ќе биде добро мислам.“
Да има атмосфера, убаво да биде