Достапни линкови

Шпанија шампион, Германија трета, предвиде октоподот


Германскиот октопод Паул, денеска ја избра Шпанија како победник во финалето на Мундијалот. Во телевизиски пренос од аквариумот, емитуван во многу земји во Европа, октподот целосно ја игнорирал кутијата на која било знамето на Холандија и ја зел храната од кутијата со знамето на Шпанија, што се смета за предвидување дека Шапанија ќе биде светски првак. Претходно, Октоподот избираше и меѓу кутиите со знамиња на Германија и на Уругвај, екипите кои ќе играат утре за трето место, при што ја избра Германија. Ако му се верува на октоподот Паул, кој досега ниеднаш не погреши во предвидувањето на победниците на овој Мундијал, шампион ќе биде Шпанија, втора Холандија, трета Германија и четври Уругвај.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG