Пратеник во долниот дом на аргентинскиот парламент предложи изградба на споменик со кој би се изразило почитување спрема легендарниот фудбалер и сегашен селектор на репрезентацијата на таа земја Диего Марадона. Хуан Кабандие прелогот го дообјасни велејќи дека Марадона е „икона на аргентинската популарна култура“.
Јавна поддршка на Марадона му даде и претседателката на Аргентина Кристина Фернандес.
Останувањето на Марадона на местото селектор на Аргентина е и натаму неизвесно по испаѓањето на неговата екипа во четвртфиналето на Светското првенство. Аргентина беше елиминирана по убедливиот пораз против Германија од 4:0.