Достапни линкови

Кавга меѓу Балак и Лам за капитенската лента?


Од германската репрезентација демантираат дека има несогласувања околу тоа кој ќе биде капитен по Мундијалот

Тим менаџерот на репрезентацијата на Германија Оливер Бирхоф демантира дека дошло до кавга меѓу сегашниот капитен Филип Лам и поранешниот Михаел Балак, кој поради повреда не игра на Светското првенство.
„Работите се јасни. Наш капитен е Балак, а за време на Мундијалот тоа е Лам. Не вистинско време за вакви приказни. Мора да се концентрираме на последните два натпревара на првенството. Сето друго е одлука на тренерот.„ Изјави Бирхоф.

Германските медиуми претходно ја пренесоа изјавата на Филип Лам дека не сака да ја препушти капитенската лента по Мундијалот.
Балак минатиот месец допатува во Јужна Африка за да им даде поддршка на соиграчите од репрезентацијата, но деновиве мораше да го напушти кампот на „панцерите“, со образложение дека лекарите го советувале заздравувањето од повредата да го продолжи во Европа.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG