Европските репрезентации повторно се на врвот на светскиот фудбал. По испаѓањето на Бразил и на Аргентина од Светското Првенство во Јужна Африка, на повидок е можноста, по 80 години, една европска репрезентација да стане светски првак на Мундијал кој се одржува надвор од Европа. Една европската репрезентација е сигурна во финалето, бидејки во едното полуфинале играат Германија и Шпанија. Доколку во дуелот меѓу Холандија и Уругвај победат холанѓаните, тогаш е сигурно дека титулата светски првак во фудбал заминува за Европа.