Достапни линкови

Форлан: фантастично е да си меѓу најдобрите четири


Уругвајците го слават пласманот во полуфиналето
Уругвајците го слават пласманот во полуфиналето

Уругвајците свесни дека играле слабо, но среќни поради пласманот во полуфиналето, Раевац горд на постигнатите резултати

Селекторот на Уругвај Оскар Табарес изјави дека е пресреќен поради пласманот во полуфиналето на Светското првенство.
„Сите сме многу возбудени. Овие момци заслужуваат се најдобро. Не игравме добро, но нешто како да не тера напред, најверојатно тоа е силата и единството во екипата“ рече Табарес.
Уругвај со победата над Гана на пенали, се пласира во четирите најдобри екипи прв пат по Светското првенство во 1970 година. Капитенот Диего Форлан, кој го постигна голот за Уругвај, вели дека неговата екипа мора добро да се одмори пред полуфиналето против Холандија.
„Ова е неверојатно. Луѓето можат да слават и да уживаат во победата. Фантастично е да се биде во најдобрите четири. Мислевме дека ќе се онесвестиме по секој пенал“ изјави Форлан.
Селекторот на Гана Милован Раевац е разочаран поради поразот во четвртфиналето, но е горд на постигнатите резултати.
„Тоа е фудбалот. Ова беше многу тежок меч, особено затоа што и во осминафиналето игравме продолженија. Кога го промашивме пеналот во продолженијата, Уругвај имаше психолошка предност“ рече Раевац, кој не прецизира дали и натаму ќе остане селектор на Гана.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG