Достапни линкови

Битката за полуфинале - почнува


Гана се надева да стигне таму каде што ниедна африканска реперезентација не успеала, во полуфинале на Светско Првенство во фудбал. Треба денеска да го победи Уругвај. Во другиот четвртфинале натпревар Бразил е фаворит против Холандија, која пак никогаш досега не го освоила трофејот на Мундијал.


Бразил – Холандија


И двете репрезентации досега беа 100% успешни, 4 натпревари, 4 победи. Играме подобро против тимовите кои сакаат да играат фудбал, а Бразил ќе сака да се надигрува, изјави отимистички холанѓанецот Рајан Бабел. И покрај критиките за стилот на игра што го наметнува бразилскиот селектор Дунга, се чини тој ја најде формулата за успех, - бразилски стил на напад и европски стил на одбрана.

Гана – Уругвај

Ова е судбински натпревар и голема одговорност за репрезентативците на Гана, изјави поранешниот претседател на Гана, Џон Куфур. Уругвај пак сака да се врати на шампионските денови кога беше и освојувач на трофејот на Мундијалот, но во далечните 1930 и 1950-та година. Поголемиот дел од јужно-африканците ќе навиваат за Гана, но има и многу навивачи за Уругвај, како на пример во локалниот фризерски салон, каде што ја средувал коста и Диего Форлан.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG