Достапни линкови

Општонародно славје во Парагвај


Детаљ од натпреварот Парагвај- Јапонија
Детаљ од натпреварот Парагвај- Јапонија

Пласманот во четвртфиналето прославен во сите градови во Парагвај, а владата прогласи неработен ден

Граѓаните на Парагвај вчера излегоа на улиците да го прослават пласманот на фудбалската репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство, а претседателот на државата Фернандо Луго ги повика луѓето да се радуваат.
„Она што го постигна оваа селекција бара достојна прослава, а народот на Парагвај ќе го направи тоа“ изјави Луго облечен во црвено- бел дрес на репрезентацијата, додека претставниците на владата го прогласија остатокот на денот за неработен во јавните претпријатија.
Само неколку минути по победата на пенали над Јапонија, 30- 40 илјади луѓе излегле на главниот плоштад во престолнината Асунсион и му скандирале на државниот тим. Слични сцени се видени и во другите градови на Парагвај. Оваа репрезентација во четвртфиналето игра против Шпанија.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG