Достапни линкови

Блатер ретерира - можеби ќе има видео надзор


Шефот на ФИФА, Сеп Блатер ја најави можноста од воведување на модерната технологија на некои фудбласки натпревари. Блатер, денеска во Јоханесбург, изјави дека последните контроверзни одлуки на судиите на актуелниот Мундијал, како непризнатиот гол на Лампард и голот од офсајд на Тевез, покажуваат дека има потреба од отворање на дебатата во врска со примената на нови технологии на натпреварите. Блатер, кој досега беше категорично против воведувањето видео контрола на некои ситуации и судиски одлуки на фудбалските натпревари, сега е пофлексибилен и се извини за грешките на судиите.

Се уште има ЗА и ПРОТИВ


Веќе постојат разни мислења за можноста од воведување видео контрола на некои моменти од натпреварите, при што скептиците страхуваат дека се можни чести прекини и видео контроли, што би ја разводнило играта. Од друга страна, поборниците сметаат дека треба да се утврдат јасни правила кога ќе може да се примени видео контрола, а тоа главно да се однесува на тоа дали фудбалот ја преминал гол линијата или не, како и за некои голови од офсајд.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG