Полицијата во Хонг Конг денеска соопшти дека разбила голем организиран синџир на нелегални обложувалници за фудбалски натпревари, при што запленила 21 милион долари. 4 лица биле уапсени во акцијата што била изведена на неколку часа пред натпреварот меѓу Германија и Англија, кој, од почетокот на Светското Првенство, бил најголема атракција за обложување досега. Обложувањето е многу популарно во Хонг Конг, но е забрането, освен на официјалната обложувалница за трки на коњи и за фудбал. Но, илегалните обложувалници се на големо посетувани бидејки нудат добивки без даноци, како и многу опции за обложување.