Достапни линкови

Дел Боске останува селектор и во случај на неуспех на Шпанија


Селекторот на Шпанија Дел Боске
Селекторот на Шпанија Дел Боске

Претседателот на шпанската фудбалска федерација со голема поддршка за селекторот Дел Боске. Нема да биде катастрофа и ако не успееме, вели тој.

Висенте дел Боске ќе остане селектор на репрезентацијата на Шпанија дури и ако оваа селекција не го мине натпреварувањето по групи на Светското првенство, потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Анхел Вилјар Мар.
„Што и да се случи на Светското првенство, Дел Боске ќе остане на клупата на репрезентацијата. Дури нема да биде катастрофа и ако екипата не се квалификува во втората фаза од натпреварувањето“, рече Вилјар Мар.
Шпанија во првото коло од групата Х загуби од Швајцарија со 1:0, а во второто и третото коло игра против Хондурас и Чиле. Овој пораз е само втор за Шпанија во последните 27 натпревари. Дел Боске на клупата на оваа репрезентација дојде во јули 2008-та година на местото на Луис Арагонес.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG