Фудбалските репрезентации на Србија и на Германија нема да тренираат на стадионот „Нелсон Мандела Беј“ во Порт
Елизабет, каде што во петок ќе го играат меѓусебниот меч од вториот круг од Група Д на Светското првенство во Јужна Африка.
Светската фудбалска федерација ги известила двете делегации дека причина се тешките врнежи кои овие денови паднаа во Порт Елизабет и се закануваат да го уништат теренот на „Нелсон Мандела Беј“.
Двата тима ке тренираат на други спортски игралишта а теренот денеска само ке го посетат.
Дуелот меѓу Србија и Германија ќе се игра во петок во 13.30 часот.
Србија, во првиот меч, загуби од Гана со 1 спрема 0, додека Германија ја совлада Австралија со 4 спрема 0.