Достапни линкови

Препродажбата на билети цвета


Официјалниот билет
Официјалниот билет
Препродажбата на билети за натпреварите од Светското првенство во фудбал во Јужна Африка , - продолжува. Кај препродавачите, билетите за финалето достигнаа 4 илјади долари за билет и покрај тоа што владата на Јужна Африка вети дека ќе ја спречи илегалната профдажба. Некои препродавачи се наместени веднаш до официјалната канцеларија на ФИФА за продажба на билети во Јоханезбург. Репортерот на Ројтерс разговарал со еден препродавач кој нудел 6 билети за натпреварот Бразил – Северна Кореја по цена од 250 долари за билет.

Владини институции трошат пари за билети

Во меѓувреме, Јужно-африканските владини агенции потрошиле околу 1,5 милиони долари од буџетот за билети, тврди опозиционата Демократска Алијанса. Министерот за финансии Правин Гордан се обидува да воведе дисциплина, предупредувајки дека дека таквото трошење ќе биде сметано за нерегуларно и недомаќински.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG