Достапни линкови

СП во Ј. Африка со специфични проблеми


Бразил фаворит, барем според Интернет анкети

Според една Интернет анкета, спроведена во 55 земји, а на кој гласале 27.000 луѓе, најголем фаворит за освојување на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка е Бразил. 24 насто од оние што гласале, сметаат дека Бразил ќе биде победник, а по 9 насто добиле Аргентина, Англија и Германија. За европскиот првак, Шпанија, само 8 насто од анкетираните прогнозирале дека ќе биде шампион.

Прв случај на оружен грабеж

Вооружена банда им ја украла електронската опрема на група новинари во близина на Јоханезбург, кои ги покривале активностите на тимот на Португалија, соопшти полицијата. Грабежот се случил во текот на ноќта, а кога еден од новинарите ги забележал крадците, тие му се заканувале со пиштол. Покрај, опремата, на новинарите им биле украдени и парите, пасошите и дел од облеката. Полицијата изрази надеж дека крдците бргу ќе бидат фатени, додавајки дека е среќа што никој не бил повреден.

Капело го фаќа нервоза

Селекторот на Англија, Фабио Капело ја загубил контролата денеска и во тренинг кампот им се развикал на фоторепортерите и камерманите поради снимањето во објектите каде што фудбалерите се на медицински третмани. Ова е прв пат Капело јавно да покаже нервоза во однос на новинарите. Капело бил остар и со репрезентативците на Англија, особено по тренинг мечот со локалниот клуб. Не беше пријатно, особено на олувремето, не сум го видел таков порано, но тоа е разбирливо, Капело е победник, сака победи, дури и на тренинзите, изјави Џон Тери.


Проблеми со африканскиот реквизит за навивање

За селекторите и за играчите на Светското првенство во Јужна Африка, освен за домаќините, голем проблем ќе бидат пластичните труби, наречени вувузела, кои се контроверзни уште од Купот на конфедерациите во минатата година, бидејки прават голема бука и им пречат во меѓусебната комуникација. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер ја отфрли можноста овие труби да бидат забранети, оценувајки дека тие се типични за фудбалот во Јужна Африка, како што се многу други реквизити во други земји. Но, и новинарите се жалат дека поради звуците на овие реквизити, кои наликуваат на звуци од слонови, не можат да комуницираат по телефон. Вистинските ефекти ќе бидат видени и чуени уште в петок во Јоханезбург, на отворањето, кога се очекуваат околу 90 илјади гледачи сопластични труби. На многубројните навивачи што не се од Африка им се препорачува да носат нешто за затнување на ушите, бидејки стручњаците тврдат дека овие труби се најгласните инструменти кои се употребуваат на фудбалските натпревари.



  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG