Српскиот селектор Радомир Атиќ верува дека неговиот тим ќе ја достигне потребната форма до почетокот на Светското првенство за една недела. За време на едно-неделните подготовки во Австрија, репрезентацијата на Србија загуби од Нов Зеланд со 1 спрема 0 и играше нерешено, без голови со Полска. Последниот тест натпревар на Србија е во сабота против селекцијата на Камерун.