Македонските власти веќе одржуваат серија средби со потенцијални инвеститори во Цирих, Виена, Франкфурт, Минхен и Лондон за издавање на еврообврзницата, која би била во износ од 175 до 225 милиони евра. Чудно е што владата реши да се задолжува на ваков начин, а истовремено министерот за финансии изјавува дека нема проблеми во буџетот на земјава, вели економистот Џевдет Хајредини. Проблематично е и тоа што се уште не е познато за што ќе се користат тие пари, за кои каматата ќе биде околу 10 проценти, поради очајниот инвестициски рејтинг на Македонија, вели тој.
„Ниту кажуваат за кои намени тие средства ќе се користат, ниту признаваат дека имаат неопходни потреби од такви средства. Крајно е контрадикторно презентирањето на потребата од еврообврзница, значи дека зад тоа се крие крајно драматичната состојба на буџетот во Македонија.“
Добро е што владата реши да се задолжи на странскиот пазар, бидејќи парите од домашниот пазар ќе останат за стопанството, но само под услов тие да бидат употребени за развој на земјата, преку кој ќе се оствари добивка со која ќе може да се врати каматата, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.
„Доколку бидат потрошени средствата за непродуктивни цели тогаш секако дека не е оправдано, затоа што не ќе може да се врати ниту главницата, ниту каматата. На Владата е да одлучи за што ќе ги потроши меѓутоа веруваме дека тоа ќе биде за некое продуктивно трошење од кое ќе има корист и државата и граѓаните и целата јавност.“
Еврообврзниците се должнички хартии од вредност со кои државата доаѓа до свеж капитал, но на идните сопственици ќе треба да им исплаќа камата во одреден рок. Најчести купувачи се банките, инвестициони фондови и осигурителни куќи, кои имаат големи резерви на пари. Македонија лани се задолжи со еврообврзница за 175 милиони евра со камата од 9,8 отсто.
Крајно е контрадикторно презентирањето на потребата од еврообврзница, значи дека зад тоа се крие крајно драматичната состојба на буџетот во Македонија
„Ниту кажуваат за кои намени тие средства ќе се користат, ниту признаваат дека имаат неопходни потреби од такви средства. Крајно е контрадикторно презентирањето на потребата од еврообврзница, значи дека зад тоа се крие крајно драматичната состојба на буџетот во Македонија.“
Добро е што владата реши да се задолжи на странскиот пазар, бидејќи парите од домашниот пазар ќе останат за стопанството, но само под услов тие да бидат употребени за развој на земјата, преку кој ќе се оствари добивка со која ќе може да се врати каматата, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.
На Владата е да одлучи за што ќе ги потроши меѓутоа веруваме дека тоа ќе биде за некое продуктивно трошење