Дај Кош, поен за тебе, победа за околината. Појаснување за неинформираните кои збунето слушаат – не станува збор за кампања за промоција на спорт туку за кампања за заштита на животната средина. Под принципот на негативна поткрепа, Владата почна кампања со која се цели да ги информира граѓаните дека пластичните кеси и сличниот отпад се фрла во канта, а цигарите се гаснат во пепелник. Под овој слоган граѓаните воедно се едуцираат дека се уринира во тоалет а не на улица. „Ако заборавите каде е WC–то или ако отпушокот го изгансете на улица, популарно наречената глоба е педесетина евра во денарска противредност. Кампањата „дај кош“ се промовира по весници, на билборди и на фреквенциите на јавниот телевизиски сервис. Но како им оди кошарката на граѓаните?
„Има на секое ќоше канти.“
„Мислам дека нема доволно канти за ѓубре, има луѓе што повеќе валкаат.“
Покрај различните согледувања на скопјани, добро би дошла практична илустрација
Цигарата е запалена на семафорите кај раскрсницата меѓу собранието и градската болница. По педесетина чекори се гледа бетонска канта поставена покрај банкомат, преполна со хартивчиња од изводи. Ако овдека се даде кош, па макар и со изгаснат отпушок, има шанси да се запали кантата, а богами ни автоматот нема да биде поштеден. На избраната маршрута има само столбови кои некогаш држеле канти во кои сега се гасат отпушоци. До следната раскрсница, одалечена на околу 700 чекори од собранието, повторно бетонска канта полна со хартиен отпад. Или овде ќе се даде кош со добро изгасната цигара или ако наиде полицаец ќе има простување од педесетина евра.
За обичниот набљудувач, проблемот е комбинација од некултура и недостаток на инвестиции за замена на уништените канти ... и по можност поставување пепелници, бидејки на претходно споменатата локација ни тоа го нема. Сепак, тука се поставува прашањето дали неодамна донесениот Закон за јавна чистота е „соодветен“ на условите?
Методија Саздов од невладината „Македонски зелен центар“ вели дека канти за отпадоци се поставуваат како дел од нечија политичка кампања, и покрај тоа што станува збор за стандардна обврска на локалната самоуправа
„Канти за отпадоци се уште се сметаат како дел од урбанистичка опрема, која се става пред политички кампањи, а ретко се става при уредување паркови.“