Веќе неколку години на удар на јавноста поради слабите резултати и со имиџ на партизирана институција, Антикорупциската Комисија станува најактуална во периодот на гласање за нов претседател. Иако во три наврати и оваа процедура не донесе нова вест, овој пат не се очекува четврт мандат да добие досегашната претседателка Мирјана Димовска. Ова бил и едногласниот став на членовите на Комисијата кои по сите критики биле на мислење дека промени во институцијата се неопходни. Од замислата таа да биде организација којашто набљудува, реагира, таа во изминативе неколку години како да ја изгуби смислата на своето постоење и се претвори во помалку од демократски декор, вели професорката и поранешен антикорупционер Слаѓана Тасева.
„Тие се повикуваат на тоа дека формално постапиле, дека тие навистина преземаат иницијативи, дека воопшто ги следеа случувањата и состојбите во Македонија, не реагираа на објавени извештаи од други институции, на укажувања од други институции, на укажувања од медиумите.“
Често се отвораат дилемите околу законската поставеност на иснтитуцијата како и на нејзината моќ о оглед на овластувањат на што најчесто се базираат оправдувањата за за врзани раце. Ариф Муса, член на Антикорупциската комисија вели дека сите ревизорски извештаи кај кои што било проценетио дека има злоупотреби покрената е иницијатива за кривично гонење.
„На сите ревизорски извештаи каде што Комисијата оценила дека има злоупотреби, на сите има покренато иницијатива.“
Муса додава и дека во комисијата постои крајно незадоволство од тоа по колку предмети е постапено воОбвинителството. Антикорупционерите се согласни дека законските надлежности на Комисијата не се мали непотребно би било да бидат проширени со оглед на тоа дека постојат голем број други државни институции кои се занимаваат со истрага и кривично гонење. Комисијата има широки ингеренции и тоа да следи судир на интереси, состојби во финансирањето на политичките партии, да ги следи ревизорските извештаи, јавните набавки да соработува со соодветните институции коишто имаат надлежност да водат истраги, вели тасева но најголемиот нејзин проблем во моментов е некомпетентноста во работењето и политизацијата. Во крајна линија, државата нејде сила да обезбеди независност на оваа институција, на што според Тасева се должи и стагнирањето на барометарот на корупцијата коешто го покажа последниот извештај на Транспаренси интернешанал.
Тие се повикуваат на тоа дека формално постапиле, дека тие навистина преземаат иницијативи, дека воопшто ги следеа случувањата и состојбите во Македонија, не реагираа на објавени извештаи од други институции, на укажувања од други институции, на укажувања од медиумите
„Тие се повикуваат на тоа дека формално постапиле, дека тие навистина преземаат иницијативи, дека воопшто ги следеа случувањата и состојбите во Македонија, не реагираа на објавени извештаи од други институции, на укажувања од други институции, на укажувања од медиумите.“
Често се отвораат дилемите околу законската поставеност на иснтитуцијата како и на нејзината моќ о оглед на овластувањат на што најчесто се базираат оправдувањата за за врзани раце. Ариф Муса, член на Антикорупциската комисија вели дека сите ревизорски извештаи кај кои што било проценетио дека има злоупотреби покрената е иницијатива за кривично гонење.
„На сите ревизорски извештаи каде што Комисијата оценила дека има злоупотреби, на сите има покренато иницијатива.“
Муса додава и дека во комисијата постои крајно незадоволство од тоа по колку предмети е постапено во
На сите ревизорски извештаи каде што Комисијата оценила дека има злоупотреби, на сите има покренато иницијативи