Достапни линкови

Охриѓанецот Танески не се искачи на Аконкагва


По освојувањето на Мон Блан, највисокиот Европски врв, Килиманџаро, највисоката точка во Африка, Ајленд Пик еден од највисоките врвови на Хималајскиот масив во Азија и уште три врвови над 4000 метри во изминативе 18 месеци, пасионираниот планинар од Охрид Мишко Танески, деновиве не успеа да се искачи на Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка.

Врвот со височина од 6.965 метри ќе остане следна цел на некоја друга експедиција, кога временските услови ќе го дозволат тоа, порача од Андите Танески, кој бил принуден да се откаже од потфатот поради екстремно лошите прилики проследени со силни
Аконкагва е многу голем и тежок врв за искачување, висок 6.965 метри на планина со сув студ, а температурата варира од 40 степени над нулата во Мендоза, што на врвот може да се спушти до 40 степени под нулата
урагански ветрови. По големото невреме и ветровите кои дувале со брзина над 120 километри на час, корнејќи ги шаторите на височина од 5900 метри, по обидот да се искачи до следниот повисок камп кој бил буквално разнесен од силниот ветер, храбриот Танески, сам без логистика и водич одлучил да се повлече.

„Аконкагва е многу голем и тежок врв за искачување, висок 6.965 метри на планина со сув студ, а температурата варира од 40 степени над нулата во Мендоза, што на врвот може да се спушти до 40 степени под нулата. Дека е многу тешка планина за искачување, кажува и тоа што се работи за највисок светски врв на јужната хемисвера, што звучи примамливо. Се решив за Аконкагва пред да продолжам со другите акции. Мојата желба е да се искачам на седумте највисоки врвови на сите седум континенти. До сега имам освоено три, а се надевам дека ќе успеам да ги искачам сите врвови на светот“

Ни изјави во Охрид Танески пред заминувањето за Јужна Америка. Во двонеделната експедиција, тој се обиде да се искчи до Аконкагва преку екстремно опасниот и студен Полски глечер, од северната страна на Андите. Јавувајќи се од оваа највисока Јужноамериканска планина, Мишко објасни дека во логорите, не можело да се спие од силните ветрови и одлуката за повлекување од безбедносни причини ја донел на голема височина со редок кислород, мислејќи на семејството, со решеност идната година повторно да се обиде. Смиреноста во мислите, вели Мишко ја стекнал на на Хималаите, кога се потврдила неговата опсесија за искачување на високите планини.
За мене тоа значи живот, зошто планинарството ми дава енергија да живеам. Тоа е мој стил на живот и јас не можам да се замислам без планинарњето.


„За мене тоа значи живот, зошто планинарството ми дава енергија да живеам. Тоа е мој стил на живот и јас не можам да се замислам без планинарњето. И ако усепам да ги искачам сите врвови, ќе најдам пак некој мотив, но сепак ова е мој начин и стил на живот. На сите им препорачувам да планинарат, не вака екстремно како мене, но до каде што можат, зошто тоа едноставно е здравје. Планинарењето го продолжува животот и дава воља за живот“

Им порачува на луѓето Мишко Танески, чија крајна цел е еден ден да се искачи на покривот на светот на 8.850 метри и на Монт Еверест на Хималаите, да го развее Македонското знаме како сон на секој пасиониран планинар, за што му е неопходна поголема поддршка.
XS
SM
MD
LG