Достапни линкови

17 годишна поетеса од Охрид со пет објавени книги


Macedonia - Hristina Aslimoska young poet, Ohrid, 1Feb2009
Macedonia - Hristina Aslimoska young poet, Ohrid, 1Feb2009

Младата Христина Аслимоска со пет објавени книги на 17 годишна возраст е редок талент и автор со своевиден рекорд меѓу младите во Охрид и Македонија. Аслимоска е освојувач на повеќе награди по македонски јазик и литература, а по матурирањето сака и професионално да се посвети на јазикот.

Со пет објавени книги поезија и проза, седумнаесет годишната Христина Аслимоска е редок талент и автор со своевиден рекорд меѓу младите Охриѓани. Од нејзините врсници, со кои учи и другарува, за кои најчеста преолупација е Интернетот, Христина ја одвојува тоа што таа многу време му посветува на пишувањето и Македонски јазик, со кој испеала стотици поетски стихови и испишала многу
Пишувам од најраната детска возраст, уште од прво одделение кога ја научив азбуката и пројавив голем интерес за пишаниот збор. Пиштувам за многу теми, најмногу за тоа што се случува околу мене и она што го чувствувам во мене, универзалните теми, проблемите на општеството, сликата за реалноста, низ мојата призма
прозни записи. Во првите книги стихозбирката "Заорок" што ја објавила на деветгодишна возраст и збирките поезија "Бисерни зборови", провејуваат типично детски и младешки теми, додека во поновите стихови во "Капка надеж", поетско-прозната "Разделба со детството" и "Дневник на душата", нејзините размисли за совршенството длабоко допираат до душата на секој човек, замислувајќи ги и возрасните.

„Пишувам од најраната детска возраст, уште од прво одделение кога ја научив азбуката и пројавив голем интерес за пишаниот збор. Пиштувам за многу теми, најмногу за тоа што се случува околу мене и она што го чувствувам во мене, универзалните теми, проблемите на општеството, сликата за реалноста, низ мојата призма“

вели Аслимоска, која растејќи со стиховите, преку нив остави белег за првата љубов и разочарување, доживувањето на природата, убавините, духовноста и вечната инсопирација на родниот Охрид. Книгите со кои го пишува својот споменар на детството и младоста, за Хрситина се дневници на нејзината душа.

„Тие претставуваат отсјај и го отсликуваат она што го чувствувам јас, она за што говори и пее мојата душа. Последната книга го носи и тој наслов, затоа што претставува збирка на автобиографски записи на случки и настани од моето лично секојдневие.“

Христина има освоено први и втори награди на државни и општински натпревари по Македонски јазик и литература, на училишни конкурси за поетски творби, меѓународен натпревар за пишување писмо и друго. Оваа млада плодна поетеса по матурирањето во Охридската гимназија и професионално ќе му се посвети на јазикот.
XS
SM
MD
LG