Австрија ја подржува македонија во евроатланските интеграции а спорот со соседна Грција е билатерален и двете земји треба да го решат во рамките на Обединетите Нации, рече Министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел Шпинделегер:
„Секако дека постои специјална рамка, тоа е рамката на ОН. Секако дека станува пред се збор за билатерално прашање. Ние какоАвстријци можеме да понудиме помош таму каде што ќе биде побарана од нас. Но, секако сметам дека решението за ова прашање се наоѓа во билатералниот однос.“
Решавањето на спорот со Грција треба да биде усогласено со европските демократски принципи, рече Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски:
„Ние имаме принципи, сметаме дека вистината е на наша страна и сметаме дека начинот на решавање на ова прашање треба да биде усогласен со европските принципи на демократија и взаемно почитување.“
Освен за евроинтеграциите, двајцата министри разговарале и за економска соработка која, според Шпинделегер е значаен аспект на билатералните односи меѓу Австрија и Македонија:
,,Исто така разговаравме и за соработката меѓу претпријатијата од двете земји и сакаме да ја продлабочиме таа соработка."
Апел за пропдолжување на преговорите со Грција денеска испрати и американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер.
,,Овдека и во Вашингтон слушаме различни јавни интерпретации на ова прашање во кои се содржани недоразбирања, мисинтерпретации и страв, и тоа е неверојатно. Прашањето е кое име ќе се употребува на меѓународно ниво и опсегот на употреба на тоа име. Точка. Сметаме дека е возможно ова прашање да се реши без да се влијае на лични прашања како идентитетот и културното наследство."
нагласи Рикер.
„Секако дека постои специјална рамка, тоа е рамката на ОН. Секако дека станува пред се збор за билатерално прашање. Ние како
Ние како Австријци можеме да понудиме помош таму каде што ќе биде побарана од нас. Но, секако сметам дека решението за ова прашање се наоѓа во билатералниот однос