Достапни линкови

Балканот и е потрeбен на Европа


Македонските интелектуалци различно ја толкуваат европската политика кон Македонија. На едни им е смачено од европската ароганција и двојните аршини, но некои подвелкуваат дека ЕУ има своја константа во своите заложби, а тоа конечно е да го затвори процесот на европеизација со приклчување на регионот во европското семејство

Секој на свој начин ја толку политиката на Европа кон нас како држава. На едни им е смачено од европската ароганција и двојните аршини кои меѓународните партнери ги применуваат кон Македонија. Но, ако се погледне од поинаква перспектива се извлекува
Мислам дека Балканот и е потребен на Европа, барем сеуште, дури и на политички план, како отскочна штица, врз основа на која денеска Европа го профилира својот политички идентитет
констатација дека ЕУ има своја константа во своите заложби, а тоа конечно е да го затвори процесот на европеизација со приклчување на регионот во европското семејство.

„Мислам дека Балканот и е потребен на Европа, барем сеуште, дури и на политички план, како отскочна штица, врз основа на која денеска Европа го профилира својот политички идентитет,“

вели Елизабета Шелев универзитетски професор.

Токму прашањето на македонскиот идентитетот – свесно или не сами си го проблематизиравме или како што политичките елити велат други ни го оспоруваат од надвор.

„Да се проблематизира македонскиот национален идентите, што значи дека не се само Грција и Нимиц оние што овозможиле да се најде ова прашање во агендата на преговорите, туку сме биле и самите ние,“

кажа на една трибина Димитар Башевски.

Да се истрае на искушенија и предизвиците низ кои минуваме но и кои допрва ќе треба да ги пребродиме. Да ги решаваме проблеми а не да бегаме од нив. Европските партнери на кои Макеоднија постојано се потпира веќе се преморени од тоа да не вадат од калта во која по наша или туѓа вина сме влезени.
Јас сум Македонец и тоа никој не може да ми го одземе...

„Жалосно е што сега се решаваме за нешто, мораме да решиме за промена на име, или мора да биде вака името, кога тоа е резултат на 19 години не водење поинтелигентна политика од двете страни. Денеска сме ставени во ситуација да имаме посреник, па тој ќе предложи име, кога би можел би избришал се и би почнал одново како што треба,“

посочува Ацо Поповски режисер.

Никола Коџабашија кој веќе неколку гдоини живее и работи во Лондон вели дека треба максимално да се искористи цели
Живееме во касаба една, затворени сме со ѕидови, човекот, за да има поглед на свет и да може да изгради ставови многу е важно, најважен чинител во процесот на образование е токму тоа, да се посетуваат други земји, други култури, да се разменуваат искуства
от потенцијал кој го имаме како држава. Со самото тоа што имаме своја литература, музика, сликарство е доволна мотивација за да ја продадеме македонска приказна како успешна.

„Повеќе би се бавел со нас самите, со суштината на тоа што е сега. Би се бавел со тоа што можеби поблиската историја е тоа што нас не отсликува и обликува. Меѓутоа, такви грандиозни вадења од контекст на тоа што сме ние или јас, извинете, но немојте во мое име. Јас сум Македонец и тоа никој не може да ми го одземе.“

објаснува Коџабашија

Но што е она што најмногу и недоствува на змејава?! Филммејкерот Игор Иванов-Изи препорачува барем за момент да се излезе надвор од границите на земјава.

„Најголемата грешка ја лоцирам во тоа што ние сме непрошетани. Живееме во касаба една, затворени сме со ѕидови, човекот, за да има поглед на свет и да може да изгради ставови многу е важно, најважен чинител во процесот на образование е токму тоа, да се посетуваат други земји, други култури, да се разменуваат искуства...“
XS
SM
MD
LG