,,Нашите украински партнери официјално не информираа дека ако не потпишеме договор за снабдување со гас, тогаш ќе го прекинат транзитот на гасот до нашите консументи во Западна Европа. Тоа е апсолутно погрешно. Таков договор постои и е валиден до крајот на 2010.,,
***
На Блискиот Исток, почетокот на 2009 беше премногу жешко. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак со телевизиско обраќање на ја објасни воената операција во Појасот Газа:
,,Внимателно ги измеривме сите наши можности. Ние не сме гладни за војна, но нема да дозволиме нашите градови, села и граѓани постојано да бидат цел на ХАМАС.,,
***
Кон средината на јануари тогашниот американски претседател Џорџ Буш ја одржа последната прес конференција на таа функција:
,,Не гледам како можам да се вратам дома во Тексас, да се погледнам во огледало и да се гордеам со она што ќе го видам ако им дозволев на критичарите да ме спречеа од она за што мислев дека е потребно за заштита на оваа земја.,,
***
Неколку дена потоа на 20 јануари Барак Обама во инаугуративниот говор како 44 американски претседател изјави:
,,Нашите предизвици можеби се нови. Инструментите со кои ги пресретнуваме можеби се нови. Но, оние вредности на кои се заснива нашиот успех: напорната работа и чесноста, храброста и фер плејот, толеранцијата, лојалноста и патриотизмот, се стари. Тие се вистински. Она што се бара од нас е нова ера на одговорност дома и во светот.,,
***
Дваесетина дена подоцна иранскиот претседател Мухамед Ахмадинеџад говореше во Техеран на годишнината од Исламската револуција:
,,Новата американска админситарција објави дека сака да направи промени и да започне дијалог. Иранскиот народ ја поздравува таквата промена и е подготвен да одржи разговори, но тие да бидат во фер атмосфера и меѓусебно почитување.,,
***
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во почетокот на март во Виена се сретна со шефот на Руската дипломатија Сергеј Лавров
,,Ние ги ресетиравме нашите односи и токму затоа министерот и јас имаме сега ќе имаме премногу работа. Ова е една од оние инстанци каде што нашата посветеност за ресетирање на односите значи дека ние ќе имаме многу набиен дневен ред.,,
***
Помалку од еден месец подоцна тогашниот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер на прославата на 60 годишнината од формирањето на Алијансата изјави:
,,Во овие изминати 60 години НАТО придонесе во создавањето на период на мир, слобода и просперитет за сите негови граѓани. Тој е сведоштво за она што може да биде постигнато со трансатлантското сојузништво и со јасно поставена цел.,,
***
Ден потоа, американскиот претседател Барак Обама кој учествуваше на прославите на јубилејот на НАТО, престојуваше во Прага од каде што порача:
,,Како единствена нуклеарна сила која има употребено атомска бомба, Соединетите држави имаат морална одговорност да дејствуваат. Ние не ќе можеме да успееме ако сме сами во тоа. Затоа јасно ја потенцирам американката заложба за мир и сигурност во светот без нуклеарно оружје.,,
***
На 14 април Северна Кореа преку телевизијата објави дека ја продолжува нејзината нуклеарна програма, по што следеше и подземено нуклеарно тестирање
,,Ќе преземе чекори за обнова на нуклеарните постројки кои беа расформирани со договорот постигнат на шестпартитните преговори.,,
***
Во јуни во Иран дојде до протести на опозицијата која го обвини режимот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад за фалсификат на претседатлските избори на кои тој беше реизбран. Ахмадинеџад за тоа ги обвини западните медиуми.
,,Како знаете дека луѓето не ги прифаќаат резултатите од гласањето? Дали вие сте во контакт со 40 милиони луѓе? Вие ги гледате само оние што вам ви се допаѓаат.,,
***
На 25 јуни Џермејин Џексон на прес конференцијата во Лос Енџелес соопшти:
,,Мојот брат легендарниот Крал на попот, Мајкл Џексон почина во четвртокот. Се претпоставува дека тој имал срцев удар во неговиот дом. Како и да е, причината за неговата смрт се уште е непозната.,,
***
Во почетокот на јули американскиот претседател Барак Обама во Москва се сретна со рускиот претседател Дмитри Медведев:
,,Потпишавме заедничко разбирање за последователен договор на постојната спогодба СТАРТ за намалување на нукеарните боеви глави. Ова работа ќе биде завршена до крајот на годинава.,,
***
Новиот генерален секретар на НАТО Андер Фог Расмусен на 3 август во Брисел изјави:
,,Нашиот мандат во Авганистан од Обединетите нации е јасен и затоа е од голема важност за глобалната безбедност, да спречиме Авганистан да стане главна станица на меѓународниот тероризам.,,
***
Во Авганистан се одржаа избори на кои победи претседателот Хамид Карзаи. Резултатите веднаш беа отфрлени од неговиот противкандидат Абдула Абдула:
,,Денеска ние сме сведоци на масовен фалификат. Не можам да ви објаснам колку е тој голем. Беше испланиран и спроведен од владата.,,
***
Кон средината на септември шефот на Федералните резерви Бен Бернанке објави крај на американската рецесија. За многумина тоа беше почетокот на крајот на најголемата економакс криза во светот по Големата депресија.
,,Од техничка гледна точка најверојатно рецесијата заврши.,,
***
Во септември се одржа редовното годишно Генерално собрание на Обединетите нации. Либијскиот лидер полковник Муамер ел Гадафи одржа еден од подолгите говори:
,,Сите спиете. Сите сте изморени. Јасно е дека на сите ви недостига енергија, бидејќи долго патувавте.,,
***
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија во заминување Мухамед ел Барадеи во октомври во Техеран изјави:
,,Неопходна ни е транспарнтност од страна на Иран. Неопходна ни е соработка од страна на меѓународната заедница. Ова е критичен момент од конфронтација да се свртиме кон соработка.,,
***
Во октомври Радио Слободна Европа имаше ексклузивно интервју со американскиот потпретседател Џо Бајден:
;;Јасно ставив до знаење дека за две работи, за два принципа не може да се преговара: не толерираме никакви сфери на влијание и второ не постои право на ветото кога некоја земја во Европа или во светот има донесено сопствена одлука да се приклучи кон некој сојуз.,,
***
На третти ноември поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ се појави пред Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија:
,,Не сакам да го бојкотирам судењето. Но, не можам да учествувам во нешто кое уште во стартот е погрешно и каде што е прекршено моето основно право, да имам доволно време да ја подготвам одбраната.,,
***
На 15 ноември на Косово беа одржани првите избори од прогласувањето на независноста. Претседателот Фатмир Сејдиу во Приштина:
,,Денеска е историски ден за Косово, бидејќи ова се првите локални избори од декларацијата за независност. Би посакал овој ден да мине мирно, како што тоа беше за време на кампањата.,,
***
Светската здравствена организација кон средината на ноември упати апел за вакцинирање против свинскиот грип. Претставничката на оваа организација Ники Шиндо во Женева изјави:
,,Луѓето во ризичните групи треба да бидат третирани со антивирус вакцина што е можно побрзо. Тоа пред се важи за бремените жени, за децата под две години и луѓето со респираторни проблеми.,,
***
Во почетокот на декември новоизбраниот претседател на Европската унија Херман ван Ромпуј говореше на церемонијата по повод стапувањето во сила на Лисабонскиот договор:
,,Мораме да го употребиме Лисабонскиот договор за да ја спроведеме нашата амбициозна политика. Справување со економската криза, зголемување на вработеноста, зачувување на нашиот социјален модел, борба против климатските промени и обезбедување енергетска стабилност. Тоа од нас го очекуваат милијарда граѓани.,,
***
На 10 декември американскиот претседател Барак Обама во Осло ја прими годинашната Нобелова награда за мир:
,,Да не грешиме: злото постои во светот. Мировно движење не би можело да ги задржи армиите на Хитлер. Преговорите не можат да ги убедат лидерите на Ал Каида да го положат оружјето. Да кажеш дека некогаш силата е потребна не е циничен повик, туку признавање на историските факти и на човечката несовршеност.,,
***
Во декември во Копенхаген се одржа и светскиот самит посветен на борбата против климатските промени. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун:
,,Нашата работа тука е да запечатиме договор, во наш заеднички интерес, договор за редукција на емисијата на штетни гасови, со што ќе ја заштитиме природата и ќе влеземе во нова ера на почист развој за сите.,,
Самитот во Копенхаген за некои беше тотална катастрофа, бидејќи светските лидери не успеаа да постигнат цврст договор во справувањето со глобалното затоплување. Тие само најавија дека нивното договарање ќе продолжи и во текот на 2010 година. Во надеж дека конечно и ќе се договорат да го зачуваат светот почист не само еколошки туку и морално, и пред се да го одржат во мир и сигурност, македонската редакција на Радио Слободна Европа ви пожелува Среќна нова 2009 година.