Достапни линкови

Политиката се меша во бизнисот

Зависноста од власта води кон коорупција
Зависноста од власта води кон коорупција

Политиката се меша во бизнисот, посочуваат дел од економските аналитичари и бизнисмените. И додека упатените велат дека бизнис заедницата веќе долго време се нема ослободено од стегите на политичкото влијание, претставници од бизнис заедницата тврдат дека имплементацијата на законите по европски терк го намалува политичкото влијание во приватниот сектор.

Бизнисмените и приватниот сектор се принудени да бараат врски со претставници на владата што води кон корупција

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека приватосопствениците се донесени вбо ситуација да бараат напредок преку контакти во политичките партии

„Факт е дека поради начинот на кој ние сме организирани како општество при што владата е моќна и надмоќна и немаме реално независно судство, бизнисмените и приватниот сектор е принуден да бара напредок преку контакти или врски со претставници од владата, што води кон корупција“

Ваквиот тренд во земјава го убива претприемачкиот дух во приватниот сектор, вели Дончев и дава практичен пример

„Доколку би направиле една анкета со млади лица кои штотуку завршиле високо образование и да им дадеме опција дали би позајмиле 10-20 илјади евра со цел да започнат нов бизнис, или би работеле во одредено министерство за 200 евра месечно, жално е дека најголемиот дел ќе изберат да работат во државниот сектор“

Билјана Муратовска од Макам Транс, не одбива дека во изминативе седумнаесетина години политиката неретко се мешала во бизнисот

„Јас сум поборник за тоа дека политиката ќе влијае во позитивна или негативна смисла за работата на бизнисот. Меѓутоа, во последно време со измените на законските прописи со усогласување со европското законодавство, ние одиме кон подобрување на условите за работа“

На многумина им е тешко што наеднаш се вовеле построги законски мерки, констатира Муратовска

„Кога 17 години имало хаос каде што сите норми на однесување во сферата на бизнисот биле избришани од законите и секој се однесувал како што сака, наеднаш стегањето на уздите или креирањето на правилата за игра на многумина им паѓаат тешко“
XS
SM
MD
LG