Намалувањето на бројот на патници на светско и национално за 10-тина проценти поради економската криза, но и немањето национална авио компанија, бавната трансформација на двата аеродроми во државава каде никако да влезе странски коцесионер, на што типува Турскиот ТАВ, слабата поврзаност на Македонија со светските и Европски дестинации и прескапите авио билети, се факторите поради кои нашите аеродроми се најслабо фрекфентни во регионов. На Охридскиот, мал, но доста симпатичен и среден аеродром стар шест децении, годишно во просек има од 50 до 100 илјади патници. Но во зимската сезона тука неделно има само 200-300 патници на двата лета за Цирих и Виена, а за новогодишните празници уште два пати ќе се лета за Цирих, што е исклучително слаб авио бизнис, кој се рефлектира штетно на туризмот во Охридскиот регион.
„На Охридскиот аеродром е нешто повисок процентот на намалување на сообраќајот, за околу 25 проценти, за што имаме причини. МАТ порано леташе како национална компанија, како национален авио превозник. Додека се преземаат линиите од МАТ, во овој преоден период дури не се назначи некоја компанија за национален авио превозник , тоа повеќе се одразува во Охрид, каде итака имаше помалку летови и помал број патници“
вели Борис Стефаноски, директор на аеродромот "Свети Апостол Павле во Охрид", кој потенцира дека приматот во регионов го презедоа Приштина и Тирана, чии аеродроми имаат странски концесионери.
„Има влијание и стратегијата на локално ниво и на централно ниво. Поради тоа се даваат аеродромите под концесија. Имаат влијание и самите авио компании и тур операторите. Сите овие фактори имаат свое влијание врз бројот на патници и летови на Охридскиот аеродром,“
вели Директорот Стефаноски. Во време на ефтини авио летови за Европа од регионов , градоначалникот на Охрид Александар Петрески сака Охридскиот аеродром да се поврзе со Загреб преку ефтин авио превоз на "Кроација ерлајнс", од каде се заинтересирани, општината е подготвена да субвенционира, но тука мора да се ангажира и државата.
„Авио компанијата "Кроација Ерлајнс" даде цена за целогодишна субвенција од околу 500 илјади евра што треба ние да ги субвенционираме. Сега тука е на потег државата. Ние сме подготвени како општина Охрид да субвенционираме 100 илјади евра, исто толку да даде општина Струга затоа што аеродромот е на заедничкото подрачје, а другите 300 илјади евра треба да ги субвенционира државата. На тој начин ќе имаме конкретни резултати,“
вели градоначалникот Петрески, кој смета дека за развој на туризмот, каде Охридскиот регион е носечки во оваа гранка во Македонија, од пресудна важност се инфраструктурата и поврзаноста со светот, но и имање национална стратегија и поддршка на државата.
На Охридскиот аеродром е нешто повисок процентот на намалување на сообраќајот, за околу 25 проценти, за што имаме причини. МАТ порано леташе како национална компанија, како национален авио превозник.
„На Охридскиот аеродром е нешто повисок процентот на намалување на сообраќајот, за околу 25 проценти, за што имаме причини. МАТ порано леташе како национална компанија, како национален авио превозник. Додека се преземаат линиите од МАТ, во овој преоден период дури не се назначи некоја компанија за национален авио превозник , тоа повеќе се одразува во Охрид, каде итака имаше помалку летови и помал број патници“
вели Борис Стефаноски, директор на аеродромот "Свети Апостол Павле во Охрид", кој потенцира дека приматот во регионов го презедоа Приштина и Тирана, чии аеродроми имаат странски концесионери.
„Има влијание и стратегијата на локално ниво и на централно ниво. Поради тоа се даваат аеродромите под концесија. Имаат влијание и самите авио компании и тур операторите. Сите овие фактори имаат свое влијание врз бројот на патници и летови на Охридскиот аеродром,“
Авио компанијата "Кроација Ерлајнс" даде цена за целогодишна субвенција од околу 500 илјади евра што треба ние да ги субвенционираме