Достапни линкови

Грипот зема замав


Две нови жртви на свинскиот грип во последните 24 часа во Македонија. Бројот на болните од новиот грип се зголемува. Здравствените власти велат дека капацитетот и еластичноста на системот дозволува и поголем финансиски притисок

Приливот на болни од новиот тип на грип во здравствените стационари се зголемува, а од пред неколку денови дополнително во пружањето лекарска помош се вклучени и пулмолозите кои дежураат на инфективната клиника. Здравствените власти велат дека се
Третман за еден клинички болен чини сто евра, ако оди на респиратор, оди и до илјада евра.
предвидени пари во буџетот и дека капацитетот и еластичноста на системот дозволува и поголем финансиски притисок. Сепак не може да се игнорира податокот дека болничките третмани се скапи и за системот и за граѓаните и за лекарите кои работат прекувремено

„Третман за еден клинички болен чини сто евра, ако оди на респиратор, оди и до илјада евра.“

вели др Драган Даниловски од Комисијата за пандемски грип. Досега 20- те илјади вакцини против грипот земјава ја чинеа 50 илјади евра. Не може да се предвиди воопштено како ќе се движи ситуацијата во светски и во таа смисла и во македонски размери, но се очекува вирусот да не мутира и да се јаваат аномалии. Во тој случај во втор план се става економскиот момент кога во
За нас како синдикат е битно да се заштитат вработените пред се, значи да се понуди вакцинација, маски и заштитна опрема
прашање е животот на другите. Даниловски вели дека секој доктор треба да се обиде да фунционира според Хипократовата заклетва и безрезервно да помогне.

„За нас како синдикат е битно да се заштитат вработените пред се, значи да се понуди вакцинација, маски и заштитна опрема,“

вели Др Симо Силјановски од Синдикатот на здравствените работници.

Засега и фармацевтите немаат конретни податоци колку пари се трошат, но наведуваат дека од ноември досега се чувствува промена. Аптеките бележат извесно зголемување на продажбата на антивирусна терапија, антибиотици и пропратна терапија, вели др Драган Поповиќ

„Има извесно зголемување за десет до 15 отсто. Според појавата на болни по здравствените стационари, сигурно тука скапотијата е доста поголема.“

Во меѓувреме за имунизација против новиот грип интерес покажале минимален број здравствени работници, што уште повеќе ја зголемува дилемата меѓу граѓаните. За разлика од оваа вакцина, интересот за имунизација против сезонскиот грип е поголема. На Клиниката моментално се хоспитализирани 115 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42-јца пациенти со симптоми на новиот тип грип. Болнички се лекуваат 71 дете со симптоми на грип. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен едно дете кое има потешка форма на пневмонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG