Достапни линкови

Трет смртен случај од свинскиот грип


Во Македонија е регистриран и третиот смртен случај од свинскиот грип. Докторите на болните им препорачуваат да се јават на лекар, истакнувајќи дека со навремена интервенција во првите 24 или 48 часа смртноста се смалува на минимум.

По третиот смрттен случај од новиот грип комисијата за пандемски грип апелираше пацинтите доколку им се влоши состојбата да побараат помош од матичен лекар за повисоко ниво па дури и ако не го најдат и сами да се упатат во болница . Како причина што две млади лица починаа од комисијата посоочија дека тие на инфективната клиника дошле во многу тешка состојба.

„Значи, мора професионалец да одлучи дали таа клиничка слика е таа. Затоа што ако се реагира во првите 24 до 48 часа, смртноста може да се смали на минимум.“
Значи, мора професионалец да одлучи дали таа клиничка слика е таа. Затоа што ако се реагира во првите 24 до 48 часа, смртноста може да се смали на минимум.


Професорот Ѓорѓи Оровчанец вели дека важноста на улогата на лекарите и нивната терапија и третман на заболените која се нагласува треба да биде надополнета со системски приод на институциите но според него истите се соочуваат и со ограничувања во своето дејствување поради контроверзите кои се појавија околу вакцините и нивната безбедност како и поради нивното доцнење во земјава.

„Од Турција добивме помош пет илјади дози, сега од Американците 20 илјади дози. Нас ни требаат 500 илјади.“

Во меѓувреме граганите треба да се придржуваат до преветнтивните мерки како што се личната хигиена и избегнувањето на масовни собири. Лекарите повторуваат дека на своја рака на треба да земаат лекови против новиот грип зошто тоа може да има контрапродуктивен ефект и нагласуваат дека со витаминизираната исхрана се подобрува имунитетот што е важно за да може органзомот полесено да се справи со вирусот но дека не претставува директна заштита од грипот.

Двајца од тројцата пациенти кои починаа од новиот грип се на возраст од над триесет година а специфика на вирусот е дека ги погодува помладите луге. Лекарите сметаат дека повозрасните кои преходно имале заболувања од грип имаат изгрдено подобра отпорност кон новиот вирус. Двете млади лица кои починаа преходно немале заболувања. Под поголем ризик се оние кои имаат хронични заболувања како опструктивни заболувања на белите дробови или бронхијална астма. Кај нив белите дробови се место со најмала отпорност и таму се манифестираат последиците но може и кај здрав на несакан начин да се развива болеста вели др Драган Даниловски член на комсисијата за пандемски грип

„Знае некогаш и да се спушти пониско во дишните патишта, независно дали лицето има некое претходно заболување и да предизвика пнеумонија.“

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани вкупно 83 болни, а на инфективното одделение во Воена Болница се лекуваат дваесетина пациенти. Сите добиваат соодветна терапија
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG