Властите во Србија ваквиот тренд го објаснуваат со негативното влијание од притисокот на меѓународната заедница во врска со израчувањето на Ратко Младиќ. Аналитичарите пак, оценуваат дека податоците се резултат на односот на владејачката елита спрема воените злосторства, но и на општата атмосфера во јавноста во која одговорните се третираат како херои. За најновото испитување на јавното мислење во Србија во врска со ова прашање Светлана Логар од агенцијата Стратеџик маркетинг вели:
,,Четириесет и три насто од граѓаните изјавиле дека не се согласуваат оти израчувањето на Ратко Младиќ е во интерес на Србија, а дваесет и шест насто изјавија дека се согласуваат.,,
Уште поголема поддршка за Младиќ бележат истражувањата што ги спроведуваат во Националниот совет за соработка со Хашкиоттрибунал. Таа, според претседателот на Советот Расим Љаиќ, надминала 50 проценти. Тој наведува дека ваквиот тренд е особено изразен по израчувањето на Радован Караџиќ во Хаг:
,,Кога луѓето видоа дека по апсењето на Караџиќ расте и притисокот за апсење на Младиќ, односно дека тоа е политика на постојано условување, тогаш опадна и поддршката за израчувањето на Младиќ.,,
Вели Љаиќ кој сепак изразува надеж дека ваквиот тренд нема да биде пречка во намерата на Белград Младиќ да се најде во Хаг до крајот на годинава. За разлика од Расим Љаиќ кој причините за поддршката на Младиќ ја гледа во притисоците на меѓународната заедница, Светлана Логар смета дека вина за тоа сносат властите во Белград.
,,Ако се зборува за притисок, за уценување, за условување, тогаш нашата јавност тоа и така го толкува. Ако повеќе се зборува зошто Младиќ е всушност обвинет, тогаш тоа е сосема поинаква порака кој и поинаку ќе биде сфатена.,,
Освен отсуството на јасна порака на властите зошто Младиќ мора да му биде израчан на Хашкиот трибунал, според експертите, тука е и ефектот што националистичките партии го постигнуваат во српскиот парламент кога се противат на секоја расправа за израчувањето на како што се наведува славниот српски генерал
,,Тоа е она што е елитно во српскиот народ. Хашкиот трибунал не го собра она што не чини.,,
Вели Милорад Мирќиќ, функционер на Српската радикална партија на Воислав Шешељ кој се ноаѓа во затворот во Хаг.
,,Четириесет и три насто од граѓаните изјавиле дека не се согласуваат оти израчувањето на Ратко Младиќ е во интерес на Србија, а дваесет и шест насто изјавија дека се согласуваат.,,
Уште поголема поддршка за Младиќ бележат истражувањата што ги спроведуваат во Националниот совет за соработка со Хашкиот
Кога луѓето видоа дека по апсењето на Караџиќ расте и притисокот за апсење на Младиќ, односно дека тоа е политика на постојано условување, тогаш опадна и поддршката за израчувањето на Младиќ...