Достапни линкови

Напредок или стагнација на индексот на корупција?


Логото на Транспаренси Интернешнал
Логото на Транспаренси Интернешнал

Перцепцијата на индексот на корупција во Македонија е подобрена, а земјата според Транспаренси Интернешнал е за едно место подобро рангирана од минатата година. Експертите сепак сметаат дека овој резултат не е напредок, туку стагнација.

Македонија годинава бележи благо напредување во однос на перцепцијата на индексот на корупција. Според рангирањето на Транспаренси Интернејшнал, перцепцијата за корупцијата во Македонија е подобрена, а земјава е за едно место подобро рангирана од лани. Невладината организација ,,Транспарентност Нулта корупција,, е македонски партнер на Транспаренси Интернешнал.
И тоа значи дека сеуште не треба да бидеме задоволни од тоа како сме рангирани на индексот, уште повеќе ова го повторувам затоа што се наоѓаме во друштво со оние држави кои што преставуваат сериозна причина за загриженост во ЕУ поради проблемот со корупцијата во рамки на нејзините членки
Претседателката на Тренспарентност Нулта корупција, Слаѓана Тасева вели дека овој резултат на Македонија е повеќе стагнација отколку напредок.

Слаѓана Тасева, Претседател на ,,Нулта корупција"
,,И тоа значи дека сеуште не треба да бидеме задоволни од тоа како сме рангирани на индексот, уште повеќе ова го повторувам затоа што се наоѓаме во друштво со оние држави кои што преставуваат сериозна причина за загриженост во ЕУ поради проблемот со корупцијата во рамки на нејзините членки."

Според перцепцијата на корупцијата, Македонија е рангирана на 71 место од 180 земји. Од земјите во регионот, подобро од земјава се рангирани Турција, Црна Гора и Хрватска, а послабо Србија и Албанија. Македонија има иста оценка за перцепцијта на корупцијата со Бугарија, Грција и со Романија.

,,Незнам дали е ова добра вест, или лоша вест. Знаеме дека заради Бугарија и Романија, ЕУ воведува нов систем на мониторинг на државите кои што се членки на ЕУ од аспект на можностите за корупција во користењето на фондовите од ЕУ. Значи, тие држави се причина за загриженост во ЕУ."

Тасева вели дека земјите кои се во процесот на евроинтеграциите повеќе ја подобруваат состојбата во однос на корупцијата.

,,Се вели дека сепак мерките кои што се преземаат во државите кои што се стремат кон тоа или го започнуваат процесот за зачленување во ЕУ, преземаат некои мерки кои што влијаат на подобрување на нивната состојба, посебно тоа се гледа кај Турција, кај Хрватска, најдобро тоа се гледа би рекла кај Црна Гора."

Земја со најмала перцепција на корупцијата е Нов Зеланд. По него се Денска, Сингапур и Шведска. Најкорумпирани земји, пак, се оние со големи безбедносни проблеми. Најголема перцепција на корупцијата е забележана во Сомалија. Нешто подобри се Авганистан, Мјанмар, Судан и Ирак.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG