Достапни линкови

Косово: мирни избори со слаб одѕив


Koсовскиот премиер Хашим Тачи
Koсовскиот премиер Хашим Тачи

Вчерашните први избори на Косово, по прогласувањето на независноста пред една година, се одвивале мирно, но не и со голем одѕив. Неколку часа по затворањето на гласачките места премиерот Хашим Тачи изјави дека неговата партија победила во поголемиот дел од општините.

Локалните избори на Косово, според полицијата и меѓународните претставници, минале мирно, без поголеми нерегуларности кои би влијаеле врз изборниот процес. Портпаролот на полицијата Брахим Садриу изјави дека полицијата имала помали интервенции, по што ситуацијата била нормализирина. Меѓународните претставници оценија дека мирните и слободни избори се важни за демократскиот развој и за угледот на Косово во светот. На тој став се и домашните политичари кои оценија дека станува збор за историски ден:

Сите се жртвуваме за овој ден. Силно верувам дека сите ќе станеме дел од новата историја, изградба на државата и на новата мултиетничка демократија.

Изјави премиерот Хашим Тачи. И додека политичките партии, по затворањето на гласачките места ги правеа првите пороценки за изборниот успех или неуспех, меѓународните претставници излегоа со оценката дека победници на овие избори биле токму граѓаните на Косово. Американскиот амбасадор во Приштина Кристофер Дел синоќа во Призрен изјави дека изборите заслужуваат оценка девет.
Сите се жртвуваме за овој ден. Силно верувам дека сите ќе станеме дел од новата историја, изградба на државата и на новата мултиетничка демократија...

Слаб одѕив во средините населени со срби

Централната изборна комисија соопшти дека на изборите за градски совети и за градоначалници во 36 општини гласале само 45 насто од околу милион ипол запишани избирачи. Некои аналитичари велат дека тој би требало да биде поголем, бидејќи во избирачкиот список биле внесени 200 илјади избирачи кои се наоѓаат во странство и кои немале можност да гласаат. Сепак, најмал одѕив е забележан меѓу српското малцинство на Косово. Има и извештаи дека Србите во некои заедници ги игнорираа повиците за бојкот и излегле да гласаат. Србите гласале главно во оние средини што со планот на Марти Ахтисари стануваат мнозински српски општини. Избирачите во Грачаница очекуваат со новата општина да се создадат и подбри услови за живот.

Што знам. Најпрвин невработеноста. Имам деца кои не работат никаде. Можеби утре ќе биде подобро: патишта, работни места. Општина е општина.

Изјави Добривое Цвејиќ. Во врска со тоа зошто врз неа не влијаел повикот на Белград за бојкот на изборите Валентина Ристиќ вели:

Не може да влијае, бидејќи и ние треба да имаме своја локална самоуправа и власт. Затоа не гледам причина зошто Белград би се противел.

Лидерите во Србија ги повика косовските Срби да не учествуваат на изборите, оценувајќи дека со тоа ќе помогнат во озаконувањето на независноста на Косово. Сепак во повикот беше прецизирано дека оние што ќе гласаат нема да бидат санкционирани. Српските партии кои учествуваа на изборите побараа од Белград да ја прифати таа нивна одлука за да можат да го регулираат својот живот на локално ниво.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG