Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу го осуди оружениот напад врз кандидатот на Алијансата за иднината на Косово за претседател на Митровица Хисен Ахмети. Според полицискиот извештај, нападот врз Ахмети се случил на влезот во градот додека со автомобил одел на предизборен митинг на партијата. Во нападот било оштетено само неговото возило. Тоа беше втор инцидент за два дена, пред локалните избори, закажани за в недела. Претходно, група граѓани на предизборниот митинг на Демократската партија на Косово во Дечани со камења ја нападнале колоната автомобили во која бил и премиерот Хашим Тачи. Во полициското соопштение во кое се наведува дека била упасени три лица под сомневање дека учествувале во каменувањето, се додава дека се испитуваат и наводите оти притоа се слушнале и пукотници. Демократската партија смета дека овој инцидент директно го организирал Рамуш Харадинај. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека со овие инциденти некој сака да фрли дамка врз, како што рече, досегашниот добар изборен процес.
,,Станува збор за изолирани инциденти. Повикувам да работиме на намалување на тензиите, бидејќи најдобро оружје за секој човек е разумот, а на изборите, гласот на избирачот е светост. Поинаков пат не е прифатлив.,,
Амариканскиот амбасадор на Косово Кристофер Дел ги повика Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово да се дистанцираат од ваквите акти.
,,Важно е лидерите на партиите јасно да го осудат таквото однесување и да покажат дека не стојат зад тоа што ќе биде јасна порака и за нивните избирачи.,,
Инцидентите ги осуди и специјалниот претставник на Европската унија на Косово Питер Фејт, предупредувајќи дека насилството не е дел од демократската кампања. Тој изјави дека веќе разговарал со премиерот Тачи и со Харадинај при што добил јасни уверувања оти кампањата и изборниот ден ќе минат во мирна атмосфера. Инаку, претстојните локални избори се првите откако Косово прогласи незавинсот во минатата година. Тие во изминативе денови освен меѓупартиските, ги зголемија и меѓуетничките тензии, со оглед на најавата на косовските Срби дека ќе го бојкотираат гласањето.
Повикувам да работиме на намалување на тензиите, бидејќи најдобро оружје за секој човек е разумот, а на изборите, гласот на избирачот е светост. Поинаков пат не е прифатлив.