Достапни линкови

Владимир Лазаревик, претседател на постојаниот комитет на СЗО за Европа


Владимир Лазаревик
Владимир Лазаревик

Она што ние сметаме во оваа фаза дека вакцината е безбедна за апликација и дека нема потреба населението да биде вознемирено затоа што сепак станува збор за еден врвен светски производител, чии што вакцини ќе бидат исто така набавени и во останатите високо развиени европски земји.

Не ли пристигнуваат доцна вакцините против новиот грип во Македонија, кога веќе има случаи на заболени, а и се смета дека вообичаено е подобро да се примаат вакцини пред екот на сезоната. Кај нас дел од вакцините пристигнуваат кон крајот на ноември, а останатите количества во јануари?

Видете, мислам дека со оглед на тоа како се одвиваат работите и во регионот во делот на набавката и диструбицијата на вакцините за населението, сметам дека релативно сме добри, значи нормално не можеме да кажеме дека сме најдобри, ако се споредуваме со земјите кои што се од Западна Европа, како Норвешка и други. Но, со оглед на нашите финансиски можности и активностите што Владата ги презема во овој период, не се доцни. Значи да речеме сепак во ноември месец ќе стигне и се надеваме дека тоа ќе биде во најдобар интерес. Таа доза која што ќе дојде прва, ќе биде распределена како што се најави од Министерството за здравство за високо ризичните групи, што значи за децата и возрасните граѓани и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на сите граѓани.
Intervju so Vladimir Lazarevic
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:00 0:00

Дали се јасни позициите околу вакцината. Каде ќе се испитуваат оние кои што ќе пристигнат во Македонија и како гледате на тоа дека некои од земјите се противат на овие вакцини со оглед на контраиндикациите?

Ние ги следиме препораките кои што ги дава Светската Здравствена Организација и во таа насока бевме практично проактивни во делот на давањето на информации и информациите кои што ги дава СЗО. Она што ние сметаме во оваа фаза дека вакцината е безбедна за апликација и дека нема потреба населението да биде вознемирено затоа што сепак станува збор за еден врвен светски производител, чии што вакцини ќе бидат исто така набавени и во останатите високо развиени европски земји, што значи дека ние во ништо нема да се разликуваме во квалитетот на вакцината кои што ја добиваат нашите граѓани. Таа е испитувана во најреферентните светски центри кои што имаат можност да ги испитуваат квалитетот на одредени вакцини. Така што во таа насока сметам дека не треба да има грижа, она што нормално треба да биде предмет на анализа и да речеме на превенција на населението е овие превентивни мерки во делот на поголема хигиена, послаба комуникација со населението, кои што редовно Министерството за здравство ги најавува до своите граѓани и сметам дека треба да бидат почитувани и нормално да се надеваме дека епидемијата која што се најавува во одредени земји од регионот нема да ја зафати Макеоднија и тоа може да биде добро за населението.

Во некои училишта нема услови за да се спроведуваат санитарите мерки. Со оглед на тоа што се најавуваше дека есента ќе преставува критичен период, не требаше ли порано да се координираат Министерството за здравство, здравствените работни и општините за да не се појават проблеми од овој тип?

Не сум сигурен какви мерки биле преземени до сега меѓутоа нашите училишта или поголем дел од нив се наоѓаат во такви состојби во делот на тоалетите да тие неможат да се променат за кратко време. Она што може да се промени и да има достапни средства за лична хигиена и тоа да им биде на нивно располагање. Сега очигледно малку повеќе се алармира и се надевам во наредниот период тоа ќе биде обезбедено дали со посредство со родителите или во соработка со општините, во секој случај битно е запазување на хигиената и Министерството за здравство, односно Државниот санитарен инспекторат врши редовни контроли со цел доколку одредено училиште предизвикува проблем во делот каде што може да се прошири заразата, тоа можеби ќе биде и затворено.

Во јавноста се создадоа перцепции за неколку теории. Според едни новиот грип е создаден по вештачки пат во некоја од лабораториите, додека според други тој природно дојде од Мексико во светот. Во контекст на ова постои ли простор за профитирање и бизнис околу вакцините кај нас?

Ние во јавното здравство практично се секираме околу тоа како да го спречиме ширењето на болеста односно да го повратиме здравјето на населението. Како и што, е појавата за вирусот тоа е предмет на друга анализа, во секој случај кога станува збор за ваков вид на пандемиска форма на инфлуенца каде што има потреба од зголемена терапија се разбира дека следното прашање што се поставува е: Кој профитира? Денеска се знае точно кој профитира, тие кои што ги произведуваат лековите конкретно како тамифлу или производителите на вакцините, меѓутоа тоа е една неминовна спрега. Ние сме среќни што има терапија, а се разбира од друга страна пазарните услови налагаат некој да заработи од тоа. Дали има и други причини за ваквиот тип на инфлуенца, тоа треба други служби да го анализираат.

Она од што е засегнат здравствениот систем кај нас, е ребалансот на буџетот со кој се намалени средствата за овој ресор. Предвидувате ли дека ќе има последици од ова намалување на буџетот во здравството?

Прецизни информации мислам ќе се добијат кога ќе го добиеме конкретниот ребаланс, ние она што сега го знаеме е да речеме во 2008 година буџетот на Фондот беше преку 20 милијарди денари, а оваа година буџетот е околу 19,5 милијарди денари што значи дека веќе е намален и има тенденција односно најави да тој се намали во текот на наредната година за дополнителни 5%, тоа се информации кои што произлегоа од Фондот за здравство, дополнително ќе почекаме во која форма ќе дојде буџетот за следната година во Парламентот во наредниве неколку дена. За здравствениот систем не е добро кога се штеди, заради тоа што ние во неколку наврати преку Министерството беа најавени реформи во делот на зголемување на бројот на осигурениците односно покривање на целото население со здравствено осигурување без тоа да биде проследено со одредена финансиска компензација од буџетот на владата, со други зборови ние сега практично треба да ги принудиме здравствените установи да произведат поголем број на услуги за поголем број на пациенти со истите средства, дури и со помали средства што ги има. Се разбира дека тоа ќе се одрази во делот на рационализација, или во квалитетот на услугите или во рационализација на одредени болнички капацитети. Да кажеме ако најголемиот трошок во болничките капацитети е персоналот и инфраструктурата значи менаџерите на здравствените установи ќе треба да преземат насоки во намалување на тие трошоци. Тоа значи или да се намали бројот на вработени во оние здравствени установи кои што имаат помала здравствена ефикасност, односно имаат помал капацитет на искористеност на здравствените објекти или од друга страна да се намали квалитетот на здравствените услуги. Ние сепак се надеваме дека тоа нема да се случи.

Со новата трансформација на Воената Болница како ќе се обезбеди персонал?

Мислам дека тоа ќе биде еден од најголемите предизвици и заради тоа што здравствениот персонал преставува проблем не само за Македонија, за сите држави во светот и една од главните теми кои што денеска се дискутираат во СЗО и начинот на регрутирање на здравствениот персонал од земјите во развој кон високо развиените земји, кои пак имаат потреба од таква регрутација бидејќи работната сила е многу поевтина. Во конкретниот случај со Македонија ние имаме најавено нови приватни болници кои што се очекува да преземат дел од персоналот кое што сега работи во државното здравство, односно да речеме конкретно во Клиничкиот центар што значи дека трансформацијата на Воената болница која што неминовно ќе побара сама за себе да биде ангажиран дополнителен персонал ќе преставува вистински предизвик и не сум сигурен како тоа ќе биде реализирано. Спрема најавите кои што ги кажа министерот за здравство тоа ќе биде преку закон, законско решение преку кое ќе може вработените да се префрлаат со нивна согласнот, така беше потенцирано. Меѓутоа тој закон сеуште не е усвоен и не сум сигурен како и во која форма ќе биде усвоен и нормално дали ќе дојде до согласност со вработените, нели. Не е лесно денеска да му речете на некого да се префрли да работи на друго место сепак тоа значи голема промена.

Со оглед на ова што го велите, постојат стравувања кај дел од вработените во Клиничкиот центар дека се оди кон раситнување на оваа најголема институција во земјава со оглед на тоа што има најави дека ќе се префрли Ургентниот центар во Градската Болница, а дел од вработените треба да се упатат во Воената Болница?

Ние до порано не знаевме што произведуваат нашите болници. Ги финансиравме болниците на т.н. историски начин, историски буџети, врз основа на инфраструктурата и персоналот кој што го имаат. Денеска ние точно знаеме, што точно произведува одредена болница, колку персонал вработува и колку одреден доктор е продуктивен во контекст на услугите кои што ги нуди на населението. Што значи дека многу брзо Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство вистински ќе можат да видат каде има вишок персонал во зависност од тоа што се работи и каде има помалку персонал, повторно во зависност од искористеноста на капацитетите, тоа треба да биде проследено со финансирање што значи дека финансиите треба да го следат начинот на тоа како болниците функционираат. Тука може да се појави одредена можност да оние болници кои што денеска се не ефикасни или пак болници кои што имаат малку повисока искористеност на капацитетите да најдат интерес во префрлување на персоналот. Ако денеска се соочиме со состојба каде што ќе видиме дека одредена болница заработува да речеме 60 милиона денара помалку отколку што е платена и ако Фондот за здравство во наредните години и го намали буџетот на таа болница тогаш тоа прво ќе се одрази на платите на персоналот, што значи дека тој персонал ќе мора да бара работа во некоја болница каде што има работа и мислам дека тоа ќе биде добро за здравствената политика во Македонија, доколку овој модел кој што денеска ги има првичните резултати почне да се спроведува во праксата и тоа може да најде на начин на редистрибуција на персоналот не само во Скопје, туку низ цела Република и да видиме како тоа ќе биде прифатено од страна на лекарите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG