Достапни линкови

Уништена скулптурата ,,Трон"


Прилеп
Прилеп

Непознати сторители, хулигани ја уништиле мермерната скулптура „Трон„ што неодамна е извадена од депото на Центарот за современа ликовна уметност и поставена во центарот на Прилеп.

Непознати сторители, хулигани ја уништиле мермерната скулптура „Трон„ што неодамна е извадена од депото на Центарот за современа ликовна уметност и поставена во центарот на Прилеп, на шеталиштето наспроти Градскиот саат. Локалната самоуправа која во соработка со Центарот го реализира проектот „Галерија на отворено„ жестоко реагира на овој вандалски чин.

,,Локалната самоуправа реагира на ова недолично однесување на некои од нашите граѓани. Значи беше уништена штотуку поставената скулптура, дел од неа е скршен, апелираме кон граѓаните да си ги ценат своите културни вредности, да се однесуваат кон нив со почит, навистина е една од поинтересните."
Локалната самоуправа реагира на ова недолично однесување на некои од нашите граѓани. Значи беше уништена штотуку поставената скулптура, дел од неа е скршен, апелираме кон граѓаните да си ги ценат своите културни вредности


Вели Снежана Ристеска, советник за култура во Локалната самоуправа. Оштетувањата на „Тронот„ ќе бидат санирани и оваа скулптура за кусо време ќе биде повторно поставена да го краси центарот на градот во композиција со „Мислител„ и „Акт„ уште двете други скулптури од мермер од Центарот кои се вајани пред повеќе од 30-ина години од скулптори од странство.

,,Ние ќе продолжиме како локална самоуправа да ги поставуваме, да со го украсуваме градот, се надеваме и граѓаните ќе бидат задоволни и многубројните туристи кои се сликаат со скулптурите. Ваквиот чин е се надевам изолиран и нема да се повтори.Ние ќе се обидеме во најкус можен рок да ја вратиме во првобитната состојба."

Ристеска истакнува дека во наредниот период ќе продолжи реализацијата на проектот, па во централното градско подрачје ќе бидат поставени над 100 скулптури.

,,Во првата фаза се идентификуваа скулптурите што ги поседува градот, се сликаа, се направи една фотомонтажа каде би биле најповолни да се постават и сега е втората фаза -имплементација. Понатаму ќе се продолжи со една динамика, отплика барем по една скулптура во месецот да се поставува. Имаме огромно богаство над 150 скултури, сега за 3-ти Ноември наредно можам да најавам дека ќе се обидеме да поставиме уште неколку скулптури."

Целта на проектот е богатото културно наследство на ликовната колонија и Прилеп да се стави на увид на прилепчани, да ги доближи граѓаните до уметноста и сите посетители од надвор, едноставно градот да стане поатрактивен за туристите.
Инаку ликовната колонија располага со над 1000 дела создавани изминатите 5 децении од преку 1000 уметници од многу држави од сите континенти. Бројни слики работени во различни техники:, графики, акварели, масло на платно, скулптури во мермер, дрво и метал... стојат се уште во депото на Центарот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG